in

Вулкан во Исланд наликува на човечко око со совршена “зеница” од лава

Необична фотографија од вулканот Фаградалсфјал на Исланд привлече внимание поради својата фасцинантна форма, која потсетува на човечко око.

Снимката е направена од воздух, од височина над вулканот, при што во центарот се забележува блескав базен од лава, кој изгледа како совршено оформена „зеница“. Темниот овален кратер создава форма слична на окото, а облаците од вулкански гасови кои се движат надолу создаваат впечаток на солза.

Фаградалсфјал се наоѓа на околу 40 километри од Рејкјавик и со векови бил мирен, сè до март 2021 година, кога повторно започнал да еруптира по повеќе од 800 години мирување.

Оваа необична композиција повторно укажува на моќта и неосудливоста на природата. Комбинацијата на огнената лава, темниот кратер и облакот од вулкански гас создава сцена која изгледа речиси нереално.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Северна Кореја и Русија ја отворија првата патна врска помеѓу двете земји

На 54 години ненадејно почина познатиот грчки пејач Ѓоргос Мазонакис