in

За сите љубители на чоколадо: Рецепт за брза и евтина торта подготвена за половина час

Сите сакаме чоколадни задоволства кои се евтини, лесни и многу брзо се подготвуваат.

Оваа торта ги исполнува сите горенаведени критериуми, и е идеална за сите љубители на какао.

За подготовка на колачот потребни се состојки кои сигурно ги имате дома, а готова е за половина час.

Состојки:

125 гр путер
200 гр шеќер
2 јајца
200 мл течен јогурт
100 гр павлака
200 гр брашно
50-70 гр какао 10 гр
прашок за пециво

Глазура:

100 гр темно чоколадо,
5 лажици масло,
5 лажици млеко

Подготовка:

Изматете го омекнатиот путер со шеќерот, потоа додадете ги јајцата и продолжете со матењето. Додадете јогурт и павлака и повторно измешајте сè.

На крајот додадете брашно, какао и прашок за пециво и сè соединете со шпатула. Намачкајте плех со масло или путер (33 x 22 см), посипете со брашно, протресете го плехот, па отстранете го вишокот брашно.

Истресете ја смесата за колачот, распоредете ја и печете 25 минути. Внимавајте со колачот, ако го печете подолго може да биде сув. Мек е на допир.

Изладете ја тортата и растопете ја чоколадата со масло и млеко на пареа (помало тенџере со чоколадо врз поголемо тенџере со зовриена вода). Покријте ја тортата со чоколадната смеса.

Тоа е тоа. Пријатно!

Што мислите?

-2 Points
Upvote Downvote

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ПЕТОК 3 ФЕВРУАРИ: Ракот е незадоволен, Скорпијата ја очекува стресен ден, Водолијата се плаши без причина

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНУВА ПЕРЕЊЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ ВО ЗИМА? Одговорот ќе изненади многумина, а еве на што треба да обрнете посебно внимание