Манекенката Адриана Лима повторно привлекува внимание по своето појавување на затворањето на Модната недела во Мадрид, каде што го откри својот значително поизвајан изглед.
На 18 септември, 45-годишната Лима се појави во елегантна црна тоалета со долга коса собрана во затегната фризура. Нејзините фотографии брзо станаа вирални на социјалните мрежи, каде корисниците ја компаратираа со нејзиниот изглед од помладите години, особено внимание посветувајќи на нејзината витка фигура. На социјалните мрежи се актуелизираше тврдењето дека Лима интензивно тренирала, дури и седум дена во неделата.
Иако овие информации потекнуваат од вирална објава на платформата X и не се потврдени од самата манекенка, познато е дека Лима со години сериозно се посветува на тренинзите со познатиот тренер Кирк Мајерс, вклучувајќи бокс, скокање со јаже и вежби за сила. Нејзиниот нов изглед предизвика различни реакции, при што дел од нејзините фанови ја пофалија за нејзиниот изглед, потсетувајќи на времето кога беше еден од ангелите на „Victoria’s Secret“.
Други, пак, изразија сомневања и шпекулираа за можни естетски третмани и лекови за слабеење, но ниту едно од овие тврдења не е потврдено од Лима. Иако таа порано отворено разговарала за промените на своето тело по бременоста, сега, со новата трансформација, повторно ги привлекува погледите на јавноста, предизвикувајќи жестока дебата на интернет.


