in

ДЕНЕС ГО ПРАЗНУВАМЕ СВЕТИ ДИМИТРИЈА – ВЕЛИКИ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК

Православните христијани денес, 8 ноември, го прославуваат Митровден, ден посветен на Светиот великомаченик Димитриј Солунски, еден од најпочитуваните светци во христијанството.

Празникот има големо значење за верниците, кои го одбележуваат со молитви, посети на цркви и семејни собири. Свети Димитриј се смета за заштитник на Солун, а неговото име се асоцира со храброст, непоколеблива вера и пожртвуваност.

Според христијанската традиција, Свети Димитриј бил од угледно семејство во Солун и живеел за време на римскиот цар Максимијан, кога христијаните се соочувале со прогонства. Тој не ја криел својата вера, поради што бил затворен и игнет, а потоа и погубен.

По неговата смрт, верниците го сметаат за голем заштитник и чудотворец. Неговите мошти се наоѓаат во Солун во црквата посветена на него, а според преданието, од нив истекува миро, поради што е познат и како Мироточив.

Митровден е важен и во македонската традиција. Според обичаите, со овој празник завршува есента и започнува зимската сезона. Некогаш, празникот се поврзуваше со завршувањето на земјоделските работи, склучувањето на договори и исплатата на работниците.

Многу семејства во Македонија го празнуваат Свети Димитриј како домашна слава, со свечена трпеза, славски леб, молитва и собирање на најблиските.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Последното писмо на принцезата Дијана пред нејзината трагична смрт