Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли привлекоа внимание во јавноста со нова серија опуштени и романтични фотографии на Инстаграм.
Парот ја прослави осмата годишнина од бракот, при што Џастин сподели фотографии од нивниот заеднички момент, вклучително и од играњето билијард. На една од сликите, Хејли е наведната над масата со стапот во рака, додека на друга двајцата ги дели романтичен миг.
Во својот пост, Џастин напиша: „8 години до бесконечност. НОВИ ПОЧЕТОЦИ. Те сакам, бебе. Среќна годишнина.“ Хејли, пак, се пошегува во коментарите за нејзините способности во билијардот, велејќи дека е „ужасна“ во играта, што ја насмеви јавноста.
Нивната близост привлекла најголемо внимание, а Хејли исто така сподели момент кога се бакнуваат за време на романтичната вечер. И покрај тоа што се работи за едноставни моменти од нивниот живот, фановите продолжуваат да покажуваат интерес, бидејќи речиси секоја фотографија на парот станува тема на разговор.
По осум години брак и со мал син, Бибер и неговата сопруга продолжуваат да делат дел од својата приватност со милионите следбеници, а овие фотографии повторно потврдуваат дека нивните обични моменти знаат да привлечат големо внимание.

