„Кој ви е омилен вкус на сладолед?“ – со ова прашање Џенифер Лопез се обрати на своите следбеници, но фотографијата што ја сподели привлече многу поголемо внимание од самото прашање.
На сликата, познатата Џеј Ло ужива во сладолед, а нејзиниот начин на лижење привлекува веднаш внимание. Дали станува збор за обично уживање во сладолет во летните денови или пејачката намерно создаде провокативна атмосфера – тоа зависи од перцепцијата на секој поединец.
Сигурно е дека Џенифер успеа да направи од наизглед едноставно задоволство вистинска тема за разговор.
Фановите, наместо да се фокусираат само на фотографијата, активно учествуваа во дискусијата и почнаа да ги споделуваат своите омилени вкусови на сладолед. Коментарите беа полни со различни предлози. Оваа објава потврдува дека Џеј Ло, дури и со обична летна слика, знае како да привлече внимание.
Секако, со оглед на нејзината препознатлива сензуалност и начин на позирање, некои можеби во фотографијата гледаат и нешто повеќе од обично освежување.
Но, дали Џенифер навистина сакала да биде провокативна или едноставно се опуштила со слаткото летно задоволство?
Одговорот го поседува само таа, но фановите веќе имаат свои размислувања – и тоа со многу различни вкусови на сладолед.

