ТЕМПЕРАТУРИТЕ во лето се повеќе растат, а топлотниот бран трае подолго и подолго. Сето ова може да има влијание врз нашето тело. Една од промените може да се забележи кај почестите дигестивни нарушувања, за кои гастроентерологот д-р Рабија де Латур ги открива најчестите причини.
Докторот откри дека главната причина за запек во текот на целата година, а особено за време на топлотен бран, е тоа што не сме доволно хидрирани, пренесува Eating Well.
“Секогаш кога сте дехидрирани, првиот начин на кој телото се справува со тоа е да ги концентрира урината и столицата. Телото ќе ја повлече водата од столицата и ќе ја апсорбира. Ова ја прави столицата поцврста, а урината потемна бидејќи е поконцентрирана”. објаснува докторката и додава дека, кога не пиеме доволно течности, „столицата не е доволно мека и потешко се поминува, што доведува до запек“.
Што да правиме ако не страдаме од запек за време на жештините?
Лекарот објаснува како има едноставно решение за овие проблеми со варењето. „Се што треба да направите е да хидрирате, хидрирате и хидрирате“, рече таа, според Eating Well.
Покрај хидратацијата, за да обезбедите правилно варење, можете да пробате неколку идеи. Гастроентерологот го издвои јадењето храна која ќе помогне за хидратација, прошетките, јадењето влакна и пиењето течности како начин да се обезбеди правилно варење.



GIPHY App Key not set. Please check settings