in

Ископале тунел за метро – пронашле остатоци од мамут стар 20.000 години

Заб од мамут е пронајден на метро станицата „Фолкститер“ во Виена при градежни работи на линиите на метрото U2 и U5.

Според палеонтолозите од Природонаучниот музеј, забот датира од леденото доба и се верува дека е стар околу 20.000 години. Големината сугерира дека животното сè уште не било целосно пораснато, пренесува РТС .

По откритието, забот долг 73 сантиметри е предаден на Природонаучниот музеј, каде што дополнително ќе го анализираат.

Фактот што воопшто беше препознаен како заб од мамут беше среќна случајност. Отпрвин се мислеше дека е парче дрво.

Територијата на која се наоѓа Виена денес била огромна степа за време на леденото доба.

Дури и за време на изградбата на катедралата Свети Стефан во 1344 година, биле пронајдени коски од мамути, а уште повозбудливи откритија може да се очекуваат при сегашната изградба на тунелот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ЛЕКАРИТЕ НЕ’ ПРЕДУПРЕДУВААТ! Оваа храна најмногу го оштетува нашиот имунитет

СТАПЧИЊА ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ! Вака направеното домашно тесто целосно ќе ве воодушеви!