Малку брашно, квасец, сол, масло и уште неколку состојки се одлични состојки за највкусните стапчиња досега.
Доколку сакате солени печива, овие стапчиња се незаменливи на вашата трпеза.
СОСТОЈКИ:
300 гр брашно
кеса со сув квасец
една лажичка сол
лажичка шеќер
лажица масло
200 мл вода
250 гр моцарела
две лажици путер
пармезан, оригано
ПОДГОТОВКА:
Растворете го квасецот во вода со шеќер и оставете го да нарасне. Измешајте брашно со малку сол, додадете квасец и масло, па замесете тесто. Оставете на топло место да се удвои во големина. Потоа со сукало расукајте го во тенок правоаголник, па исечете го на пошироки ленти. Одозгора намачкајте ја моцарелата, завиткајте цврсто, притиснете ги рабовите и краевите на тестото да се спојат, а потоа ставете го на плех и оставете да нарасне уште 20 минути. Соединете го омекнатиот путер со оригано, премачкајте ги стапчињата, посипете со пармезан и печете во рерна на 180 степени 15-20 минути.



GIPHY App Key not set. Please check settings