Ви пренесуваме рецепт за чоколаден сладолед кој се прави од само две состојки – млеко и инстант пудинг со вкус на чоколадо. Имајќи предвид дека овој вид пудинг нема потреба од варење, основата на овој летен деликатес ќе се направи за само неколку минути.
Потоа доволно е смесата да ја префрлите во пластични или метални калапи за сладолед и да ги ставите во замрзнувач. Најтешкиот дел од целиот процес е да се чека смесата да замрзне.
Состојки:
750 мл ладно полномасно млеко
170 гр крем пудинг со вкус на чоколадо (без готвење)
Подготовка:
Во млекото кое не треба да се готви додадете кремаст пудинг со вкус на чоколадо.
Мешајте додека не се соединат состојките. Ќе ви требаат околу три минути за да добиете густ и вкусен крем.
Добиената смеса истурете ја во калапи за сладолед, па ставете ги во замрзнувач околу шест часа или додека не замрзнат.
Извадете го сладоледот од калапот и уживајте во сладоледот.
Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings