in

Кристијан Бајовски постигна Гинисов рекорд во строги склекови

Кристијан Бајовски официјално е новиот Гинисов рекордер, откако неговиот подвиг во строги склекови со дополнителни 10 килограми е признат од “Guinness World Records”.

Тој денеска ја сподели оваа радосна вест со следбениците на својот профил, каде што по добивањето на признанието напиша: “Боже, ништо освен фала.”

Оваа вест предизвика многу реакции меѓу неговите пријатели и следбеници, кои му упатија честитки за успехот и посветеноста која довела до ова значајно достигнување.

Во последно време, Бајовски беше гостин во Хајп МК, каде што разговараше за својот начин на живот, исхраната, физичките тренинзи и важноста на дисциплината.

Тој сподели информации за своиот пат до рекордот, подготовките и напорната работа која стои зад неговиот успех. Со секојдневните тренинзи и здравите навики, Кристијан докажува дека зад големите резултати се наоѓа континуирана посветеност.

Честитки за историскиот успех, Кристијан!

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Меси достигна 100 гола, освои нов трофеј и постави рекорд!

Ед Ширан бара 2 милиони долари од Роберт Крафт за хуманитарна помош