in

ЛЕЌА со колбаси! Италијанска класика за сите времиња!

Ова е еден од одличните начини да ја внесете леќата во вашата исхрана, а рецептот е преземен од книгата „Рецепти на Најџел“ од познатата готвачка Најџела Лосон… Уживајте!

Состојки:

300 гр зелена леќа

црн кромид

маслиново масло

чешне лук

колбаси (чадена скара)

третина од чаша бело вино

четвртина чаша вода

маслиново масло

сол (само ако е потребно)

бибер

сечкан магдонос

Подготовка:

Во тава пропржете го кромидот, додадете ја леќата и налејте вода да се покрие. Гответе на средна температура, ќе помине доволно долго додека не се испржат колбасите. Во тава пропржете го сечканиот лук на листови и тргнете го на страна. Во истата маст пржете ги колбасите околу пет минути од секоја страна, вратете го лукот и додадете ја смесата од бело вино и вода. Покријте и оставете да се крчка околу 15 минути. Извадете ги колбасите, исцедете ја леќата во сосот од вино и лук, промешајте, посолете ако е потребно и бибер. Вратете ги колбасите и посипете ги со магдонос или целер.

Пријатно!

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Подобро е да се спречи отколку да се лекува: Комбинацијата на лимон и лук како средство за спречување мозочен и срцев удар

Заштедете време: Три трикови за полесно одржување на домот