in

Марија Спасовска и Дарко Димитров повторно во соработка – работат на нова песна!

Музичката сцена наскоро ќе добие нова соработка, која веќе привлекува внимание. Марија Спасовска и Дарко Димитров објавија заедничка фотографија од студиото, откривајќи дека работат на нови музички проекти.

Mарија на социјалните мрежи сподели слика со Дарко, познатиот македонски композитор и продуцент, во описот акцентирајќи на песната „Сто промили“, која ќе биде дел од албумот „Седатив“.

„Сто промили“ е најдоброто од албумот „Седатив“, уверува Марија, и му се заблагодарува на Дарко за неговата „незаменлива естетика“.

Песната е најавена како „наскоро“, а публика ќе има шанса да ја слушне во блиска иднина. Заедничката фотографија од студиото дополнително ги возбуди фановите, кои со нетрпение очекуваат новата музичка приказна.

По успешните проекти кои ги имаат зад себе, оваа соработка ветува нова интересна приказна, а останува да се чека премиерата на „Сто промили“.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Матилда Џерф: Модна икона која диктира трендови!

Ива Јовановска Орландо – Професионалниот пат, уметноста и мајчинството