Месото маринирано во мешавина од маслиново масло, балсамико, Ворчестер и соја сос, сенф, издробен лук, сол и бибер секако не може да биде лошо… Уживајте!
Состојки:
800 гр бифтек
четвртина шолја маслиново масло
четвртина шолја балсамико
четвртина шолја сос од Вустершир
четвртина шолја соја сос
две лажички сенф
две чешниња лук
сол, бибер

Подготовка:
Измешајте маслиново масло, балсамико оцет, Вустершир и соја сос, сенф, издробен лук, сол и бибер. Ставете го месото во сад со капак, покријте го со маринада, затворете го и оставете го во фрижидер преку ноќ. Следниот ден исцедете го вишокот маринада и гответе на скара или во тава за скара по четири минути од секоја страна.



GIPHY App Key not set. Please check settings