in

Откажана изложба за Џон Галијано пред Мет Гала по жестоките реакции

Метрополитен музејот на уметноста во Њујорк направи важна промена во своите планови. Планираната изложба, посветена на познатиот моден дизајнер Џон Галијано, која требаше да се одржи во Costume Institute во пролетта 2027 година, е откажана.

Изложбата наречена „John Galliano: Horizons“, имаше за цел да ја прослави кариерата на еден од најзначајните дизајнери во современата мода. Сепак, контроверзии поврзани со неговите антисемитски изјави од минатото предизвикаа големо внимание и остри реакции од јавноста и модната индустрија.

Според извори од медиумите, некои донатори на музејот исто така изразиле незадоволство, но тоа не е спомнато како официјална причина за откажувањето. Мет подтвердил дека изложбата нема да се реализира според првичниот план, а Ана Винтур спомена дека е одложена.

Во своето обраќање, Галијано изрази целосна одговорност за штетата предизвикана од неговите изјави и објави длабоко жалење. Инаку, дизајнерот беше отпуштен од „Диор“ во 2011 година по објавувањето на снимка со антисемитски навреди, но подоцна се извини и се врати на модната сцена.

Во меѓувреме, се очекува објава на новата тема за Мет Гала 2027 и новата изложба на Costume Institute.

Отказот на изложбата на Галијано повторно покренува прашања за балансот помеѓу значајното уметничко наследство на дизајнерот и неговите контроверзни поступки во минатото.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Американка платела 700.000 долари за лажен накит во Индија