Да СТАНЕТЕ поубава и поздрава верзија од себе никогаш не било полесно. Имено, според истражувањето на Универзитетот Тексас A&M, навистина има вистина во изреката „ти си тоа што го јадеш“. Професорот Метју Ли Смит објасни дека студијата докажала дека она што го јадеме игра голема улога во нашето целокупно здравје, но и во тоа како се чувствуваме.
Група научници ја разгледаа врската помеѓу микробиомот на цревата и менталниот замор, менталната енергија, физичкиот замор и физичката енергија.
„Она што го јадете ги одредува бактериите и микробиомот во цревата. Со оваа студија воспоставивме врска помеѓу микробиомот на една личност и неговото расположение“, изјави главниот автор на студијата, Али Булани.
И ако после ова се прашувате каква форма на исхрана може да резултира со здрав и младешки изглед, одговорот е медитеранската исхрана, вели диететичарот Лорен Манакер.
„Благодарение на антиоксидансите, оваа диета обезбедува подобар изглед на кожата“, изјави таа за Eat This.
Според д-р Чаитања Конер, медитеранската исхрана му помага на телото на многу начини. Ова вклучува одржување на нивото на шеќер во крвта и намалување на ризикот од дијабетес.
„Медитеранската исхрана првенствено не е насочена кон слабеење, туку здрава форма на исхрана која спречува срцеви заболувања и рана смрт“, смета докторот.
Медитеранската исхрана се заснова на конзумирање на цели зрна, семки, јаткасти плодови, зеленчук и овошје, риба и маслиново масло.
„Храната што ја вклучува медитеранската исхрана помага во борбата против оксидативниот стрес, кој пак обезбедува здрав изглед на кожата и помага во одржувањето на здравјето“, заклучува Манакер.



GIPHY App Key not set. Please check settings