Одлична идеја да се одморите од месото…
Состојки:
- 3 пастрмка
- 5 големи компири
- пар моркови
- 5 чешниња лук
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка соја сос
- 2 лажици маслиново масло
- сок од лимон
- сол, бибер по укуле
- сув магдонос
Подготовка:
Измешајте сенф, соја сос, ситно сечкан лук, сол по вкус, бибер, маслиново масло, 2 лажички сув магдонос и сок од еден лимон.
Свежата пастрмка ставете ја во огноотпорен сад, прелијте ја со маринадата и додадете го исечканиот зеленчук на помали коцки. Посолете го зеленчукот и во зависност од рерната печете околу 50 минути на 220С.



GIPHY App Key not set. Please check settings