Американскиот претприемач и инфлуенсер Јахдан Јада предизвика реакции со јавната изјава дека годишно на својата сопруга, Аја Јада, и исплаќа 250.000 долари за нејзината посветеност на семејството.
Во објаснувањето, Јахдан нагласил дека одлуката е поврзана со важната улога на неговата сопруга како мајка и со нејзините секојдневни обврски околу децата и домот.
Тие имаат четири деца, а Јахдан верува дека времето и трудот кои Аја ги вложува имаат реална финансиска вредност.
Сумата од 250.000 долари годишно, што е приближно 20.800 долари месечно, предизвика расправа на социјалните мрежи за тоа како треба да се вреднува работата на родителите во домот.
Додека некои људи ја пофалија неговата иницијатива како начин за признавање на трудот на сопругата, други сметаат дека семејните обврски не треба да се третираат како традиционален работен однос.
Без оглед на различните мислења, оваа изјава ја обнови дискусијата за финансиската вредност на грижата за децата и семејните обврски.

