Австралијката Рејчел Дејви и Словачката Мартина Себова посетија 100 земји признати од ОН, пишува CNN.
Тие патуваат низ светот заедно и водат блог наречен Very Hungry Nomads, кој го следат преку 40.000 луѓе. Двојката првпат тргна од Мелбурн во 2018 година, а досега ја посетиле речиси цела Западна Европа, Централна Африка и Блискиот Исток.
Го посетија најголемиот дел од светот и издвоија неколку земји како најубави места за престој. „Луѓето во Судан и Иран беа едни од најпријателските“, рече Мартина. Таа напомена и дека малата земја на источниот брег на Африка, Еритреја, останала во нивното посебно сеќавање.
Дури и во земји кои не ги признаваат правата на ЛГБТК+ луѓето
Тие истакнаа дека не било секогаш лесно за ЛГБТК+ пар да патува во сите земји бидејќи многу од нив ги криминализираат ЛГБТК+ луѓето.
Посетивме многу земји во кои не постои ниту концептот на истополови парови“, изјави Мартина.
Но тие нагласија дека тоа никогаш не им било голем проблем и дека не се труделе да ја сокријат врската. „Никогаш не се обидовме да го скриеме тоа“, додаде таа. Имаше и пречки при обидот да влезат во некои земји кои им одбиле виза само затоа што биле жени кои патуваат без маж.
Тие ги посетија, меѓу другите, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Кралството Бутан и Пакистан.
GIPHY App Key not set. Please check settings