Задоволство за уживање.
Состојки:
– 300-350 гр грчки јогурт
– 2 големи лажици путер од кикирики
– 1-2 лажици мед или друг засладувач
– 200 гр темно чоколадо
– 3 лажици кокосово или сончогледово масло
- 2 лажици сечкани кикирики
Подготовка:
Измешајте ги јогуртот, медот и путерот од кикирики додека смесата не стане кремаста.
Земете ја смесата со топка за сладолед или обична лажица, наредете ја на хартија за печење и ставете ја во замрзнувач најмалку два часа.
Чоколадото со масло растопете го на пареа или во микробранова печка.
Замрзнатото задоволство одвојте го од хартијата за печење, потопете го во чоколадо од сите страни, посипете со сечкани кикирики и повторно ставете го на хартијата за печење.
Замрзнете уште 15 минути или додека не се подготвите за сервирање, вели Coolinarika.
Лекот со јогурт и кикирики можете да го чувате цврсто затворен во замрзнувач до седум дена.
Послужете разладено.
Пријатно!