Вареното вино традиционално се пие во зима, а особено за празници. Освен што загрева, го подигнува расположението, а многумина тврдат дека е и лековит.
Секој кој некогаш пробал варено вино знае колку е вкусно и за пиење. Комбинацијата на самото вино и зачините, предводени од цимет и каранфилче, го прави особено ароматичен, а шеќерот му дава сладост што сите ја обожаваат.

Сепак, не секој знае да прави вино, иако тоа навистина не е тешка работа. Доколку планиравте деновиве да уживате во шармот на овој зимски пијалок, со задоволство ќе ве водиме во само неколку многу едноставни чекори кои треба да ги преземете за да го добиете совршениот пијалок.
Набавете ги овие неколку состојки , секако вино и фатете се за работа.
Состојки:
1 литар вино
4 лажици шеќер
3-4 чешниња
цимет
мускатно оревче
Подготовка:
Истурете го виното во тенџерето, а потоа додадете ги шеќерот и каранфилчето. Измешајте сè и варете додека не зоврие.
На самиот крај додадете малку цимет и мускатно оревче и повторно измешајте.



GIPHY App Key not set. Please check settings