Дали кога консумирате лубеница ги отстранувате семките или не?
Многу лекари предупредуваат дека семките од лубеница не се добри за вашето здравје, особено ако сте склони кон гастроинтестинални проблеми. Секако, нема да ви порасне „лубеница во стомакот“, како што не предупредуваа бабите, но може да ви предизвикаат надуеност, болка, па дури и дијареа.
„Ако случајно проголтате семка од лубеница, ништо лошо нема да се случи. Тие не се акумулираат во телото, туку ги исфрламе по природен пат“, вели гастроентерологот Анастасија Тимошенко.
Белите семиња се меки и полесно се голтаат, додека црните семки тешко се џвакаат, па затоа многумина претпочитаат да ги отстранат. Но, со оглед на тоа дека се богати со хранливи материи, особено со омега-3 масни киселини, калиум и магнезиум, се препорачува да се јадат печени.
Измијте ги и исушете ги семињата. Кога целосно ќе се исушат, прелијте ги со малку маслиново масло и рамномерно распоредете ги на плехот. Посолете ги, па печете во рерна загреана на 160 степени 10 до 15 минути.
Слободно играјте си со зачини како кајен пипер, цимет или малку шеќер.
Сепак, пациентите со гастроинтестинални проблеми треба да бидат претпазливи. Семките од лубеница може да предизвикаат надуеност, болка, па дури и дијареа.



GIPHY App Key not set. Please check settings