in

Сидни Свини без долна облека во смела реклама!

Сидни Свини повторно се најде во центарот на вниманието поради својата нова реклама, во која се појавува во провокативен и смел стајлинг.

Во видеото, 28-годишната актерка е без долна облека, а нејзиното тело е внимателно покриено со спортски реквизити, како фудбалски и кошаркарски топки, спортски ракавици и слично.

Иако акцентот е на спортските реквизити, смелото појавување на Свини привлекува најмногу внимание. Во некои сцени, таа позира со топка пред телото, додека во други, спортската опрема е единствената заштита за нејзината фигура.

Рекламата брзо се прошири на социјалните мрежи, каде корисниците ја коментираат невообичаената концепција и смелоста на актерката. Нејзиното појавување доаѓа непосредно пред почетокот на новата спортска сезона, што дополнително го зголемува интересот за неа.

Иако Свини редовно знае да привлече внимание со своите модни и рекламни одлуки, овојпат направи чекор понатаму со минималистичкиот концепт, кој се потпира на спортските реквизити, а не на класичната облека.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Таксист симулирал срцев удар за да ги одбегне разбојниците, тие побегнале!