in

Сидни Свини ја виде својот гигантски билборд во Тајмс Сквер – Нејзината реакција стана вирална!

Замислете да шетате низ Њујорк и одеднаш да ве изненади огромна реклама со вашето лице на еден од најпознатите плоштади во светот.

Нешто слично и се случи со холивудската актерка Сидни Свини, која се најде пред вреќа на билборд во Тајмс Сквер, каде се рекламира нејзината нова провокативна кампања за спортска платформа.

На видеото што брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа моментот кога Свини ја забележува рекламата и не може да ја сокрие својата реакција. Оваа снимка за кратко време стекна огромно внимание меѓу нејзините фанови.

Кампањата привлече големо интересирање уште од стартот, а во неа Свини се појавува во смели сцени инспирирани од различни спортови, користејќи спортска опрема за прикривање. Целта на кампањата е да ја истакне пораката дека платформата е фокусирана на спортот.

Свини, која исто така има удел во компанијата, претходно напомена дека активно учествувала во создавањето на концептот, кој требало да биде забавен, самоуверен и провокативен.

Кампањата предизвика различни реакции, при што дел од фановите ја пофалија нејзината храброст и креативност, додека некои спортистки ја критикуваа, сметајќи дека се сексуализира женскиот спорт.

Сепак, видеото од моментот кога Сидни ја забележува својата огромна реклама во Њујорк повторно ја врати актерката во центарот на вниманието.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Дали Мина Блажев е запросена? Големиот дијамантски прстен ја разгоре шпекулацијата!