Доколку немате идеја што да подготвите за вечера, ви препорачуваме сладок компир на скара.
СОСТОЈКИ:
два поголеми слатки компири половина шолја маслиново масло
четвртина шолја сечкан магдонос
три чешниња лук
рузмарин
лута пиперка морска
сол
ПОДГОТОВКА:
Слатките компири добро измијте ги (не лупете ги), па исечкајте ги на прстени дебели како прстите.
Се става во сад, се прелива со масло, се додава магдоносот, рузмаринот, сечканата пиперка, издробениот лук и морската сол, па сето убаво се меша и се остава да отстои во маринадата.
Потоа исцедете ги компирите и печете ги на скара или во грил тава на умерена температура седум до осум минути, повремено превртувајќи ги. Послужете додека е топло.



GIPHY App Key not set. Please check settings