Aлександар Динев и неговата поранешна девојка Ева Јовановска, позната како Евче, повторно привлекоа внимание на јавноста. Двајцата беа присутни на иста забава во Скопје, иако пред неколку месеци прогласија дека нивниот однос е завршен.
Нивната средба не значи автоматски дека повторно има нешто помеѓу нив, но без сомнение ќе потикне разни прашања кај оние што ги следат. Ова не е прва ваква ситуација, бидејќи и пред неколку месеци, по нивното разделување, повторно се сретнаа на скопскиот кеј, каде што заедно трчаа.
Александар во последно време активно се подготвува за маратон и неодамна откри дека истрчал 5 километри за 33 минути, со цел да го подобри својот резултат на 30 минути.
Нивната врска траеше повеќе од година и половина, време во кое редовно споделуваа фотографии од заедничките патувања и моменти. Во јуни, тие официјално потврдија дека не се заедно, но внеле дека остануваат во добри односи и продолжуваат со меѓусебна почит.
Сега, прашањето останува дали нивните средби се само случајни или судбината повторно ги спојува?


