Неколку неверојатни сцени беа забележани крај италијанското крајбрежје, кога се појави огромен вртлог во морето, во близина на Санта Маргерита Лигуре.
Вртлогот беше снимен во време на нестабилни временски услови во областа. Снимките покажуваат како оваа масивна формација се издигнува над морската површина и се движи во близина на брегот.
Според информациите од италијанските медиуми, вртлогот се јавил кај Сан Микеле ди Пагана, а потоа се преместил пред Санта Маргерита Лигуре. Во еден момент поминал и покрај туристички брод, но, среќа, нема пријавени повреди или материјални штети.
Овие природни појави, иако ретки, можат да се формираат над водата при одредени атмосферски услови.
Снимката од овој необичен феномен веднаш привлече внимание на социјалните мрежи, а многумина тврдат дека глетката изгледа како сцена од некој филм.

