in

Александар Динев продолжува со интензивни подготовки за маратон по раскинувањето

Новото утро носи нови предизвици за Александар Динев, нашиот инфлуенсер кој секојдневно ги споделува своите подготовки за претстојниот маратон со следбениците.

Тој активно тренира и работи на својата физичка форма, а денес откри дека на последниот тренинг истрчал 5 километри за 33 минути. Сега има нова цел – да ја заврши истата дистанца за 30 минути.

По прекинот на врската со Евче, очигледно е дека Александар повеќе се фокусира на својот изглед и физичка спременост. Во последно време, тој експериментираше со пуштање на брадата, но сега главниот акцент е на тренинзите и подобрувањето на својата кондиција.

Со оглед на тоа дека редовно ги објавува своите резултати, останува да видиме колку брзо ќе успее да ја достигне својата цел од 30 минути за 5 километри.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сузана Гавазова во краток фустан и штикли како вистинска леопардица