А
Ако ја сонувате буквата А – добар почеток во работата.

АБОРТУС
Чувствувате неоправдан страв.

АВАН
Оној кого го сакаш недостоен е за твојата љубов или не ви одговара. Aко работите со аван – гости.

АВАНТУРА
Ако доживеете авантура – опасност.

АВИОН
Ако правите авион – неисполнети желби. Aко гледате авион – позитивна промена. Aко се возите со авион – ризикот ќе ви успее. Aко скокнете од авион – пазете се од повреди.

АВТОБУС
Не дозволувајте работата да ве преокупира.

АВТОМОБИЛ
Да се возиш – напредок во работата. Aко гледате како поминува автомобил – ќе слушнете гласови. Автомобилска несреќа – не трудете се нема да успеете во тоа што сакате.

АГОЛ
Некој неуспех ќе ве бутне.

АДВОКАТ
Грижи и трошење пари. Ако разговарате со адвокат – непријатности.

АДРЕСА
Ако ја видиш твојата – посета. Ако ја пишуваш – некој ќе те издаде.

АЗБУКА
Ако видите или читате азбука – ве чека голема и тешка работа.

АЈВАР
Желбите нема да ви се исполнат.

АЈКУЛА
Пазете се од некоја опасност.

АКВАРИУМ
Грижи во врска со пари. Ако е полн со риби – добиток.

АКУМУЛАТОР
Добивка. Празен – загуба.

АЛАТ
Унапредување во работата.

АЛКА
Ако ја носите – љубовен настан. Ако видите алка – не сте извршиле некоја обврска. Пукната алка – разделба за подолго време.

АЛКОХОЛ
Долг живот и здравје. Ако пиете алкохол – лажни пријатели. Ако пиете алкохол во друштво – ве очекува веселба.

АМАЈЛИЈА
Среќа и заштита. Ако ја носиш – љубовен настан.

АМБАР
Благосостојба и среќа во фамилијата. Празен – залудно се надевате.

АНАНАС
Веселба во друштво. Ако јадеш – паричен добиток.

АНГЕЛ
Ако видиш ангел – имате заштита за која не знаете. Ако разговарате со ангел – многу желби ќе ви се исполнат. Ако се сонувате како ангел – болест.

АНТЕНА
Ќе чуете добра вест.

АПЛАУЗ
Желбите нема да ви се исполнат. Ако ви аплаудираат – премногу сте горди за да успеете. Ако сами аплаудирате – не завидувајте им на другите за нивниот успех.

АПСЕЊЕ
Ќе бидете обвинети без причина.

АПТЕКА
Ненадејна среќа. Ако бидеш аптекар – добра заработка.

АРАП
Добри вести. Да се видиш себе како арап – грижи во куќата.

АРТИСТ
Бидете претпазлив во работата. Ако сте вие артист – парична загуба.

АРХИВА
Сте вложиле пари во сомнителни работи.

АТЕНТАТ
Сплетки и завист.

АТЛЕТИЧАР
Успех во работата. Ако сте вие атлетичар – непријатно изненадување.

АФИОН
Грижи во љубовта. Ако јадете афион – не претерувајте во барањата.