НАВЕДНУВАЊЕ
Aко вие се наведнувате – ќе бидете понижени. Ако драг се наведнува – ќе ве почитуваат.

НАВРЕДА
Ако на сон ве навредат – ќе бидете пофалени.

НАГРАДА
Ако ја примате – добивка, успех во работата. Ако ја давате – чувајте се од лоши луѓе.

НАДГРОБЕН ГОВОР
Некој ќе ве утеши.

НАДГРОБЕН НАТПИС
Ако го прочитате – загуба.

НАДГРОБЕН СПОМЕНИК
Жалост.

НАДЕЖ
Ако на сон се надевате на нешто – ќе изгубите пари.

НАДЗОРНИК
Голема среќа.

НАДНИЧАР
Ако се сонувате како надничар – работата ќе ви претставува задоволство. Ако вработувате надничари – добра работа. Ако ги гледате како работат – ќе бидете наклеветени.

НАДРИЛЕКАР
Среќно ќе се извлечете од некоја опасност. Ако ве лечи – ќе бидете оштетени поради глупост.

НАЕМНИНА
Ако плаќате наемнина – доаѓаат тешки времиња.

НАЈДЕНЧЕ
Ќе ве изневери некое лице кое го сакате.

НАКИТ
Среќа. Ако купувате накит – долгови. Ако добиете накит – ќе ве намамат на нечесна работа. Ако подарувате накит – среќа во работата. Ако се китите со накит – размислувате за некои празни работи. Ако изгубите накит – загуба. Ако најдете накит – бидете штедливи.

НАКОВАЛНА
Пари. Ако ковате на наковална – ве очекуваат многу успеси. Ако носите наковална – бескорисна, залудна работа. Ако скршите наковална – голема несреќа.

НАЛОГ
Ако примате налог – ќе добиете писмо што ќе ве израдува. Ако давате налог – не ве сакаат поради вашите постапки.

НАМЕТКА
Ако ја носите – ќе добиете пари преку посредник. Ако ја држите в рака – финансиски проблеми.

НАМИГНУВАЊЕ
Ќе израдувате некого.

НАОЃАЊЕ
Ако најдете нешто – добивка.

НАПАД
Ако сте нападнати – грижи. Ако го одбиете нападот – грижи. Ако подлегнете на нападот – попуштете додека не биде доцна.

НАПРСТОК
Ве очекува напорна работа и кавга. Сребрен напрсток – среќа, среќен брак.

НАРАМЕНИЦИ
Ако ги носите – доброто расположение нема да ве напушти.

НАРКОЗА
Ако сонувате деке сте под наркоза – желбите нема да ви се исполнат.

НАРЦИС (цвет)
Неверство.

НАСИП
Препреки. Ако работите на насип – успех во работата. Ако го рушите – единствено сами можете да си помогнете. Акo одите по насип – доаѓаат безгрижни денови.

НАСЛЕДСТВО
Ќе ве одминат некои големи грижи. Ако го потрошите – освета. Ако се одречете од наследство – сиромаштија.

НАСТАВНИК
Вниманието на околината е насочено кон вашата работа.

НАСТИНКА
Ако на сон имате настинка – желбите ви се претерани и нема да ви се исполнат.

НАТПРЕВАР
Финансиска добивка.

НЕБО
Бистро, сино небо – ве очекуваат поволни настани во блиска иднина. Тмурно, наоблачено небо – непријатности, болест. Небо со ѕвезди – богато наследство.

НЕВЕРСТВО
Некој ќе ве изневери.

НЕВЕСТА
Ќе основате семејство, а ако го имате, долго и среќно ќе живеете со него.

НЕВЕШТ
Ако сте невешт во некоја работа – болест.

НЕВИДЛИВОСТ
Ако сте невидливи – празни надевања. Ако некој или нешто е невидливо – некои настани ќе ве збунат и ќе ве вознемират.

НЕВОЛЈА
Ако западнете во неволја – лесна болест.

НЕВРЕМЕ
Сè ќе заврши добро.

НЕДЕЛА
Среќа во семејството.

НЕЖЕНЕТ ЧОВЕК/ЖЕНА
Многу ќе се досадувате.

НЕЖНОСТ
Непријатности.

НЕМ ЧОВЕК
Ако видите нем човек – углед и почит. Ако сте вие неми – срцева болест.

НЕМИЛОСРДНОСТ
Ако сте немилосрдни – бидете повнимателни спрема околината. Ако е некој немилосрден кон вас – ќе бидете ценети од околината.

НЕПРИЈАТЕЛ
Омраза. Ако го победите непријателот – ќе избегнете големи непријатности. Ако го бакнете непријателот – ќе се смирите со некого. Ако му подлегнете на непријателот – ќе изгубите добра работа.

НЕРОДНА ГОДИНА
Пропаднати надежи.

НЕСВЕСТИЦА
Ако некој паѓа во несвест – непознати луѓе ќе ви направат доброчинство. Ако вие паднете во несвест – ќе го изгубите наследството што сте го очекувале.

НЕСЛОГА
Веридба.

НЕСРЕЌА
Ако доживеете несреќа – ќе најдете утеха.

НЕТРПЕЛИВОСТ
Ако на сон сте нетрпеливи – најаве се препорачува да бидете поумерени.

НЕУСПЕХ
Ако на сон доживеете некој неуспех – добро здравје.

НИВА
Зелена нива – среќа. Запуштена нива – лага. Ако работите на нива – веселба. Ако гледате како други работат – ќе бидете посрамени.

НИМФА
Ќе се вљубите. Ако ви бега – љубовта нема да ви биде возвратена. Ако ја гледате како игра – ќе имате несогласувања со лицето кое го сакате.

НИШАЛКА
Несигурност. Ако седите на нишалка – ви претстои пријатно патување.

НОВОГОДИШНА ЕЛКА
Среќа во семејството.

НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ
Ако ги давате – ќе ја усреќите својата околина. Ако ги примате – омилени сте во својата околина.

НОВОРОДЕНЧЕ
Семејна среќа. Ако сонувате дека имате ваше новороденче. Желбата ќе ви се исполни.

НОВОСТ
Ако чуете на сон некаква новост – ќе добиете вести од некоја далечна земја.

НОГА
Ако на сон ве боли ногата – болест. Ако ја изгубите ногата – ќе останете без добар пријател. Ако ја скршите ногата – понижување. Отечена нога – загуба. Тенки нозе – предавство. Ранета нога – несреќа. Дрвена нога – лага. Ако видите нога одвоена од тело – тешка болест. Убави нозе – караница. Ако ги миете нозете – болест.

НОЕМВРИ
Кавга со роднините.

НОЖ
Одите директно во неизбежна опасност. Ако најдете нож или ако го кренете од земја – никому не ги кажувајте своите намери. Ако купите нож – на лесен начин ќе стекнете добивка. Ако добиете нож – се наоѓате во заплеткана ситуација со многу непријатности за вас. Голем нож – грижи. Мал нож – кавга. ‘рѓосан нож – опасност. Ако острите нож – караница, која може да доведе до судски спор. Ако се исечете со нож – жалост. Џепно ноже – непријатности. Ако се браните од нешто со нож – успехот во потфатот ви е сигурен.

НОЖИЦИ
Ако ги видите – среќа. Ако сечете со ножици – неочекувана добивка. Златни ножици – благосостојба. Ако ги острите – кавги.

НОЈ
Непријатности.

НОКТИ
Штета.

НОС
Ве очекува лесна болест. Голем нос – признание и добивка. Мал нос – ќе ви биде нанесена неправда. Два носа – препрека. Крвавење од нос – среќа. Ако останете без нос – неверство, навреда.

НОСАЧ
Загуба, неуспех во работата. Ако ви помага – ќе добиете искрена пријателска помош.

НОСЕЊЕ
Ако носите нешто – ве очекуваат тешкотии во работата, кои ќе бидат дотолку поголеми доколку е потешко она што го носите.

НОСИЛКА
Несреќа. Ако лежите на носилка – здравје. Многу носилки – голема несреќа.

НОСОРОГ
Некој ќе ве излаже.

НОТИ
Остварени надежи, радост.

НОЌ
Светла ноќ – долг живот. Мрачна ноќ – нејасна иднина. Бурна ноќ – загуба. Ако лутате низ ноќ – ќе немате излез од тешкотиите.

НОЌЕН ЧУВАР
Чувајте се од крадци. Ако го чуете како зборува – осигурајте си го имотот.

НОЌНА ПТИЦА
Страв. Ако лета – загуба. Ако се огласи – смртен случај.

НОЌНИЦА
Зголемување на семејството.

НУЖДА
Среќа, оздравување.

НУЖНИК
Некој од вашето семејство не ве сака.

НУЛА
Немаштија. Нногу нули – лажни надежи. Ако пишувате нули – неуспех. Ако бришете нули – проблемот ќе биде решен.

НУРКАЊЕ
Ако гледате како други нуркаат – пазете се од лаги. Ако вие нуркате – остварување на целта, но со големи напори.