БАБА
Ако сонувате баба – грижи и лутина. Баба во друштво – чувај се од женски соседи.
БАГРЕМ
Ако видиш багрем – тага. Расцветан багрем – успех.
БАДЕМ
Ќе ви дојде пријател во куќа. Расцветано бадемово дрво – ќе ви се исполнат желбите. Нерасцветано бадемово дрво – ќе мора да почекате за да ви се остварат желбите. Бадем (плод) – ве очекува искрена љубов.
БАЈКА
Радост во семејството. Ако слушате – некој ќе ве излаже. Ако раскажувате – безуспешно ќе се обидувате да лажете.
БАКАР
Треба да почекате за желбите да ви се остварат.
БАКНЕЖ
Ако некој те бакнe – те лаже. Ако бакнеш некого – добар напредок. Ако ја бакнете земјата – ќе доживеете понижување. Ако сакате да бакнете некого, а не смеете или не можете – жалост. Ако бакнете непознато лице – пазете се при љубовните средби. Ако бакнете некој кој е во брак – кавга. Ако бакнете некому рака – грижи.
БАКТЕРИИ
Болест.
БАКШИШ
Ако ви дадат бакшиш – ќе ви доверат некоја тајна. Ако дадете бакшиш – занесеноста ви носи само штета.
БАЛ
Веселба. Ако играте на бал – непријатности. Ако се чувствувате пријатно на балот – некому му се допаѓате. Бал со маски – угледот ви е во опасност.
БАЛЕРИНА
Трошоци.
БАЛЕТ
Ако играш – ненадејни добри вести. Ако гледаш – чувај се од непријатности.
БАЛКОН
Пази се, ти претстои опасност. Ако се качувате на балкон – имате непријатели.
БАЛОН
Неостварени желби. Многу балони – чувај се од лажливци. Балон да експлодира – неуспех и кавга.
БАНАНА
Aко јадете банана – краткотрајна љубов.
БАНКА
Финансиска несигурност.
БАНКАР
Пазете се од шпекулации.
БАР
Губиток.
БАРА
Ако се суши – мака и тешка работа. Ако ја видиш – оговарање. Ако одите низ бара – и покрај трудот нема да успеете.
БАРАЊЕ
Ако бараш некого – ќе се вознемириш. Ако на сон барате нешто – желбите ќе ви останат неисполнети.
БАРОМЕТАР
Болест и грижи. Променливо расположение во семејството.
БЕГАЊЕ
Грижи и тешкотии. Ако не успеете да избегате – сте западнале во големи сплетки. Бегање пред мртовец – имате нечиста совест.
БЕДА
Ако сонувате беда – богатство. Ако сонувате туѓа беда – ќе се покаете за нешто.
БЕЛА БОЈА
Ве очекува радост.
БЕЛЕЖНИК
Не се секирајте, на крајот сè ќе се среди.
БЕНЗИН
Радост, па разочарување.
БЕРБА
Среќа во љубовта. Берба без гроздови – ќе имаш неприлики.
БЕРБЕРНИЦА
Ќе бидете озборувани.
БЕРЗА
Напредок во работата.
БЕС
Опасност. Ако сонувате дека другите се бесни, а вие не – среќа.
БЕСИЛКА
Ако гледате како некој виси на бесилка – штета и губиток. Ако вие висите на бесилка – ве очекуваат големи успеси и ќе ви се исполнат желбите.
БИБЛИЈА
Веселба. Ако ја читаш библијата – ќе ти умре некој од блиските.
БИБЛИОТЕКА
Залудно го трошите времето.
БИК
Гозба и веселба. Ако бегаш од него – биди претпазлив околу тебе. Многу бикови – пари. Ако на сон убиете бик – ќе совладаш некоја голема препрека.
БИЛЈАРД
Сè оди на подобро. Топки за билјард – непостојана среќа.
БИСЕР
Среќна вест. Ако добиете бисер на поклон – ќе бидете излажани. Ако купувате бисери – лоши вести. Ако носите на себе бисери – солзи радосници. Бисерно ланче – чувај се од преправања.
БИТКА
Ако гледаш битка – опасност. Ако учествувате во битка – добиток.
БЛАГАЈНА
Ненадејна вест. Полна благајна – благосостојба. Празна благајна – губиток.
БЛАГОСЛОВ
Голема веселба. Ако дадеш благослов – голема добивка. Ако одбиете благослов – болест.
БЛИЗНАЦИ
Среќа во фамилијата. Ако на сон добиете близнаци – ќе добиете покана за некоја голема свеченост. На тие во брак – среќа, на тие што не се во брак – грижа.
БОГАТАШ
Ако си богат – очекувај опасност. Ако видиш богатство – загуба.
БОЈА
Ако вие бојадисувате – некој ве лаже на работното место. Ако гледате како некој бојадисува – болест во куќата. Ако на сон гледате бои – долг живот.
БОКАЛ
Ако пиете од бокал – омилени сте во својата околина или ќе добиете подарок. Ако скршите бокал – имате скриени непријатели.
БОЛЕСТ
Ако сонувате дека сте болни – радост. Ако не оздравите – губиток. Ако некој лежи болен – губиток. Ако посетувате болен – здравје. Ако сте вие болни и ве посети некој – ќе добиете награда или признание. Ако негувате болен – среќа и радост. Ако бдеете над болен – трудот ќе ви биде награден.
БОЛКА
Ако на сон почувствувате болка – среќата веќе ве чека.
БОЛНИЦА
Напредок во животот. Ако излегувате од болница здрави – ќе избегнете некоја опасност. Ако влегувате во болница – ненадеен издаток.
БОЛНИЧАР/КА
Непријатни новости.
БОМБА
Среќно изненадување. Ако бомбандираш некого – паричен губиток.
БОМБОНИ
Радост. Ако купувате бомбони – расфрлање пари. Ако подарувате бомбони – ќе направите добро дело. Ако некој вам ви подари бомбони – имате пријател кој ќе ви помогне. Ако јадете бомбони – доаѓаат лоши времиња.
БОР
Бор во шума – среќа. Многу борови – веселба.
БОРОВИНКА
Ако видиш боровинка – веселба и среќа. Ако јадете боровинки – задоволство. Ако берете боровинки – наскоро ќе ги снема грижите.
БОСИЛЕК
Напредок во работата. Ако на сон берете босилек – болест.
БОЦКИ
Ако се боцнете – загуба.
БОЧВА
Полна бочва – задоволство. Празна бочва – грижа. Бочва без дно – залуден труд.
БРАВА
Помирување со противниците.
БРАВАР
Ќе чуете некоја тајна.
БРАДА
Голема брада – голема чест. Мала брада – беда. Црна брада – здравје и добиток. Долга брада – слава. Ако сонувате брадеста жена – непријатности. Бричење брада – караница.
БРАДАВИЦА
Ако видиш – чувај се од туѓа злоба. Ако имаш – ненадејна добивка.
БРАЗДА
Тешка работа.
БРАЗЛЕТНА
Ако носите бразлетна – ќе добиете подарок. Ако поседувате бразлетна – среќа. Златна бразлетна – блиска радост. Бразлетна од лажно злато – имате лоши пријатели. Ако ја добиете како подарок – некоја желба нема да ви се исполни. Ако украдете бразлетна – веселба.
БРАК
Склопување на брак – кавга. Ако го напуштате бракот – добра заработувачка. Ако го изневерувате брачниот партнер – пазете се од оган.
БРАТ
Здравје и долг живот. Разделба со брат – изгледи за успех. Кавга со брат – ќе ја изгубите работата. Ако братот ја напушта куќата – лошо влегува во куќата.
БРАТУЧЕД
Не им верувај на ветувањата.
БРАШНО
Напредок во животот. Среќа и задоволство. Ако купувате брашно – имате добар пријател. Мелење брашно – Благосостојба. Вреќа со брашно – беда.
БРЕГ
Ќе ви се оствари некоја желба. Стрмен брег – пазете се од итри луѓе. Брег со клисура – опасност. Ако шетате по брег – променлива среќа. Ако стоите на брег – триумф над противниците.
БРЕЗА
Ако се качувате на бреза – ќе доживеете непријатности. Сува бреза – болест. Расцветана бреза – веселба. Исечена бреза – среќа.
БРЕМЕНА ЖЕНА
Болест.
БРЗАЊЕ
Ако брзате некаде – ќе ви дојдат гости.
БРОД
Ќе добиете помош во последен момент. Заринкан брод – големи грижи. Усидрен брод – сè добро ќе заврши. Брод што стои на мирно море – наследство.
БРОЈКИ
Ако на сон гледате бројки, а не ги запамтувате – грижа. Ако го видите бројот 7 – голема среќа. Ако на сон пишувате бројки – на јаве ќе бидете многу ангажирани. Ако сонувате повеќе бројки – играјте лото.
БУБАЧКА
Идната година добро ќе ја запамтите.
БУВ
Ќе слушнеш лажни вести. Ако го ловиш – макотрпна работа без награда. Ако видиш був – болест на некое блиско лице. Ако чуете како вика – смрт на некој пријател или близок во фамилијата.
БУДЕЊЕ
Би претстои опасност.
БУДИЛНИК
Ако на сон чуете како ѕвони будилник – некој ќе ве опоменува.
БУКА
Имате верни пријатели.
БУКВА
Ако гледате букви – новост. Ако пишувате букви – несреќа. Ако учите букви – децата ќе ви приредат некакво задоволство. Измешани букви – некој ќе ве надитри.
БУКЕТ
Раѓање на дете. Ако добиете букет – среќа во љубовта. Ако дадете букет – додворување.
БУМБАР
Чувај се од лажни непријатели.
БУНАР
Ако видиш бунар – среќа и веселба. Ако вадите вода од бунарот – свадба. Ако бунарот е пресушен – болест. Ако паднете во бунар – грижи. Ако копате бунар – сиромаштија.
БУНДА
Ќе наследите големо богатство.
БУНИШТЕ
Ненадеен добиток. Ако одите по буниште – непријатности.
БУРА
Ве очекуваат тешкотии и сиромаштија. Ако се извлечете од бурата – победа.
БУРЕ
Полно буре – радост. Празно буре – кавги. Големо буре – благосостојба. Мало буре – пазете се од соседите. Буре без дно – залудни маки. Ако тркалате буре – неочекувана добивка.
БУРМА
Верна љубов.