ЈАБОЛКНИЦА
Расцветана јаболкница – осиромашување. Стебло без плод – болест.
ЈАБОЛКО
Јаболко на стебло – ќе стекнете многу пријатели. Ако берете јаболка – некоја работа во скоро време ќе ви биде крунисана со успех. Ако гледате како паѓаат јаболка од дрво – крај на една љубов. Свежо и сочно јаболко – љубовна авантура. Ако јадете кисело јаболко – опасност. Ако јадете зрело јаболко – ќе уживате во љубовта, свадба. Гнило јаболко – штета. Ако подарите јаболко – среќа.
ЈАВАЊЕ
Ќе земете друга жена/маж. Ако јавате, а не се поместувате од место – невозвратена љубов. Ако паднете од коњ при јавање – несеќа.
ЈАВНА КУЌА
Срамота. Ако се наоѓате во јавна куќа – заработувачка.
ЈАВОР
Пријатен живот.
ЈАГЛЕН
Среќа и радост. Ако гори – радосен настан. Ако е врел – некој многу ве сака.
ЈАГНЕ
Ќе бидете исплашени. Јагне што пасе – голема опасност. Ако убиете или заколете јагне – големи грижи и неволји. Ако гледате како скокаат јагниња – вашите непријатели ќе се веселат.
ЈАГОДА
Ако берете јаготки – незадоволства. Црвени јаготки – остварување на желбите. Црни јаготки – ве очекува болка. Ако јадете јаготки – несогласувања со домашните. Ако најдете јаготки – голема добивка. Ако барате јаготки – непријатности. Ако купувате јаготки – судење. Ако расфрлувате јаготки – несреќа. Кисели јаготки – разочарување. Незрели јаготки – прерана веселба.
ЈАГУАР
Омилени сте во својата околина.
ЈАГУЛА
Интриги, лажни пријатели. Ако извадите јагула од вода – болниот ќе оздрави, а на здравиот му претстои нешто пријатно. Ако ви се лизне од рацете – ќе ви пропадне некоја работа. Јагула што плива – ве очекува далечен пат. Ако јадете јагула – пријатни вести, корист. Многу јагули – успех во работата.
ЈАДЕЖ
Грижи и понижување.
ЈАДЕЊЕ
Ако подготвувате јадење – немаштија. Ако го принесувате на маса – штета. Ако давате некому јадење – благосостојба. Ако јадете сами – здравје. Ако јадете во друштво – свадба. Ако јадете печено месо – успех и добивка. Ако јадете варено месо – лоши вести. Сиромашна порција на јадење – неочекувана радост. Ако јадете и седите на под – ќе се налутите. Ако јадете врело јадење – ви претстои печалбарство.
ЈАЖЕ
Немир, кавга.
ЈАЗИК
Опасност. Исплазен јазик – озборување. Ако си го гризнете јазикот – смртен случај.
ЈАЗОВЕЦ
Ќе ве надмудрат. Ако ловите јазовец – селидба.
ЈАЗОЛ
Ако врзувате јазол – ќе имате непријатности. Ако одврзувате јазол – успех, благодарение наупорноста. Ако исечете јазол – ќе стекнете нова позиција. Ако не можете да одврзете јазол – ве очекува потполн неуспех во некој потфат.
ЈАЈЦЕ
Изобилство, благосостојба. Скршено јајце – непријатности. Расипано јајце – озборување. Ако купувате јајца – ве очекува разочарување поради неостварување на плановите. Ако јадете јајце – среќна веридба, голема среќа во љубовта. Ако земете јајце од гнездо – брак со вдовец/вдовица или разведен човек/жена со деца. Ако гледаде јајце како паѓа – озборување. Ако бојадисувате јајца – препреки во работата.
ЈАМА
Ако паднете во јама – кавга, болест. Ако видите јама – несреќа. Ако копате јама – ќе се задолжите. Длабока јама – болест. Плитка јама – штета.
ЈАМКА
Ако врзете јамка – ќе ви успее некој тежок потфат.
ЈАНУАРИ
Ќе најдете млад пријател или млада пријателка.
ЈАРЕЦ
Средба со тврдоглав противник. Јарец со големи рогови – некој ќе ве заплашува, но можен е и успех ако ги искористите сите свои можности. Ако јавате на јарец – преземате премногу одговорности врз себе, тоа може да ви наштети. Ако ве удри јарец – среќа. Ако колете јарец – многу сте свирепи. Ако јадете месо од јарец – ве очекува голем напор. Ако ве брка јарец – кавга со претпоставените.
ЈАСМИН
Доаѓање на саканото лице. Ако мирисате јасмин – ќе уживате во љубовта. Ако берете јасмин – среќен брак.
ЈАСТОГ
Задоволство.
ЈАСТРЕБ
Загуба во игри на среќа.
ЈАХТА
Ќе се запознаете со некој кој ќе ви направи големи услуги.
ЈАЧМЕН
Пријатен живот. Ако јадете јачмен – здравје.
ЈОРГАН
Неостварени желби.
ЈОРГОВАН
Ве очекуваат пријатни моменти во блиска иднина. Ако мирисате јоргован – љубовни средби. Ако берете јоргован – ќе направите некое срамно дело. Ако се китите со јоргован – ќе ви се смее околината. Ако купувате јоргован – неуспешен потфат.
ЈУЛИ
Средба со добри пријатели.
ЈУНАК
Внимавајте некој да не ве надигра. Ако се правите јунак – опасност.
ЈУНИ
Пазете се од вода.