ДАБ
Среќен и долг живот. Сув даб – болест. Ако го исечете – храброст.

ДАВЕЊЕ
Ако вие се давите во вода – здравје. Ако се давите во кал – незгода. Ако гледате како некој се дави – некој ќе ви го загорчи животот.

ДАТУМ
Ако видите датум – губиток во куќата. Ако вие напишете некој датум – паричен добиток.

ДВОБОЈ
Кавга. Ако сте вие ранет во двобој – губиток.

ДВОГЛЕД
Исполнување на желбите. Ако некој ве гледа низ двоглед – некој ќе ве гони.

ДВОПЕК
Добивка.

ДВОРЕЦ
Посебен издаток. Ако вие го градите – здравје во фамилијата.

ДВОР
Голема чест. Ако го чистите – ќе западнеш во кавга.

ДЕБЕЛИНА
Чест. Ако сонувате дебели луѓе – опасност.

ДЕВЕТ (број)
Среќа. Ако жена сонува деветка – желба за дете. Ако маж сонува деветка – желба за семејство.

ДЕВОЈКА
Веселба. Девојка во друштво – ново познанство. Ако ја бакнеш – среќа и радост.

ДЕДО
Ќе имаш долг живот.

ДЕЛКАЊЕ
Задоволство.

ДЕЛФИН
Болест на некое драго лице.

ДЕТЕ
Среќа. Дете што трча – ново познанство. Дете во лулка – радост во семејството. Дете што си игра – среќа во бракот. Дете што плаче – ќе доживеете срам. Ако го храните – семејни грижи.

ДЕТЕКТИВ
Штета во домот. Пазете се да не ви украдат нешто.

ДЕТЕЛИНА
Среќа. Поле со детелина – излез од финансиска криза.

ДИВА ПАТКА
Ќе се разочарате.

ДИВА СВИЊА
Големи непријатности во работата.

ДИВИ ЖИВОТНИ (ДИВЕЧ)
Чувај се од несреќа. Ако вие ловите – среќа.

ДИВОКОЗА
Бидете претпазливи.

ДИЈАМАНТ
Чувај го она што го имаш да не го изгубиш. Ако имаш дијамант – ќе настрадаш поради својата добрина. Ако најдеш дијамант – големо изненадување.

ДИНАМИТ
Опасност.

ДИЊА
Ќе доживеете срам. Ако ја јадете – жалост.

ДИРЕКТОР
Исполнување на желбите.

ДОАЃАЊЕ
Ако доаѓа некој роднина – кавга. Ако доаѓа пријател – голема веселба.

ДОБИВКА
Ако добиете добивка на среќа – среќа во женидба.

ДОВИКУВАЊЕ
Болест. Ако чуете како ве довикуваат – имате недовршени работи.

ДОГОВАРАЊЕ
Пазете се од лаги.

ДОЕЊЕ
Радосни вести. Ако видиш доилка – на вашите деца им претстои опасност.

ДОЖД
Верност. Дожд со грмотевици – штета. Ако дождот ве намокри – жалост.

ДОЛ
Опасност. Ако го преминувате – бидете внимателни. Ако паднете во дол – ќе избегнете некоја опасност. Дол полн со вода – болест.

ДОЛАРИ
Среќа во работата.

ДОЛГОВИ
Ќе го промените местото на живеење. Ако ги исплатите – болест. Ако направите долгови – кавга.

ДОЛИНА
Радост. Пуста долина – грижи. Ако бидеш во долина – чувај се од несреќа.

ДОМАЌИНКА
Непријатности. Болна домаќинка – несреќа.

ДОМАШНИ ЖИВОТНИ
Среќа во фамилијата.

ДОМИНО
Непријатности. Ако сте во игра – не лажете.

ДРАГОЦЕНОСТИ
Те чека среќа.

ДРВА
Богатство. Расфрлени дрва – кавга. Ако собирате дрва – кавга. Ако сам сечете дрва – ќе бидете почитувани. Ако обработувате дрво – ќе ги совладаш непријателите. Расцветано дрво – радост. Зелено дрво – чест и пријателство. Плодно дрво – среќа. Старо дрво – брзо ќе остарееш. Дрво во шума – пријател на висока позицоја.

ДРВЕНИ ЧЕВЛИ
Издржливост.

ДРВОДЕЛЕЦ
Ќе постигнеш важност со својата работа.

ДРВОРЕД
Ќе добиете помош од одговорно лице.

ДУДИНКА
Успех. Ако јадеш – неочекуван добиток.

ДУЊА
Чувај се од непријатели. Ако берете дуњи – успех.

ДУПКА
Ќе се посрамотиш. Ако паднете во дупка – болест. Ако ѕиркате низ дупка – ќе доживеете срам.

ДУЌАН
Трошоци. Ако влегувате во дуќан – ќе потрошите многу пари. Ако го заклучувате дуќанот – деловен неуспех. Ако поминувате покрај дуќан – ќе одолеете на некое искушение. Ако не сакаат да ве послужат во дуќан – болест.

ДУХ
Неспокојство. Ако го фатите – добиток. Ако некој дух ве посети – ви претстојуваат среќни денови. Бели духови – немир. Шарен – штета. Црн – смртен случај.

ДУШЕК
Богатство.