ЖАБА
Мала жаба – среќа. Голема жаба – тага. Ако видиш жаба – лош сосед. Жаби во бара – чувајте се од оговарање. Ако ловиш жаби – ќе се ослободиш од маките. Ако уловиш жаба – чест. Мртва жаба – штета. Ако слушате крекање – добри вести.
ЖАЛФИЈА
Долг живот.
ЖАР
Богатство. Жар со искри – грижи.
ЖДРЕБЕ
Успех и пари.
ЖЕД
Нова работа. Ако ја угасите жедта – грижи и штета.
ЖЕЛАД
Благосостојба.
ЖЕЛЕЗНИЦА
Гости.
ЖЕЛЕЗНИЧАР
Среќа.
ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА
Ве очекува патување.
ЖЕЛЕЗО
Среќа во љубовта. Железо во голема количина – оздравување од некоја болест. Железо кое се кове – ќе ви пропаднат плановите.
ЖЕЛКА
Долг живот.
ЖЕНА
Млада жена – среќа. Стара жена – несреќа. Гола жена – премногу се грижите за туѓа корист. Отмена жена – чест и успех во трговијата. Многу жени – ќе бидете лути. Ако гушкаш жена – другите ве искористуваат. Ако ја сонувате својата жена – среќа во фамилијата.
ЖЕТВА
Од далеку ќе чуете добри вести кои ќе следат со веселба.
ЖИВОТНО
Среќа. Ако сонувате како сте се претвориле во животно – грижи. Ако сонувате животни да зборуваат – ја зборуваат вистината. Животни како летаат – богатство.
ЖИРАФА
Преселба и голем успех.
ЖИТО
Радост и среќа во куќата. Ако сеете жито – богатство. Ако вршите жито – добро ќе ја завршите започнатата работа. Ако жнеете жито – среќа. Зрело жито – зло. Ако класјето е празно – тага. Зелено жито – радост.
ЖИЦА
Грижи. Ако најдете жица – непријатности. Ако барате жица – финансиска криза. Ако ја влечете по себе- ќе бидете вплеткани во долг судски спор.
ЖИЧАРНИЦА
Деловен успех.
ЖЛЕБ
Ќе наидете на добар соработник на работа.
ЖОЛТА БОЈА
Бес и срам.
ЖОЛТИЦА (болест)
Ако на сон боледувате од жолтица – среќа.