ОАЗА
И покрај неповолните околности ве очекува успех.
ОБВИНУВАЊЕ
Ако сами себе си се обвинувате – среќа и углед. Ако го обвинувате својот партнер – лоши вести. Ако обвинувате некој друг – незадоволство.
ОБДУКЦИЈА
Ако присуствувате на обдукција – ќе ве повикаат на суд како сведок.
ОБЕЛИСК
Ќе ве посочат како пример за другите.
ОБЕСЕН ЧОВЕК
Ако видите обесен човек – грижи и непријатности. Ако сте вие обесени – несреќа.
ОБЕТКИ
Ако најдете обетки – добивка. Ако ги изгубите – караница. Ако носите обетки – ќе дознаете некоја тајна. Ако добиете обетки за подарок – некој чезнее по вас.
ОБЛАК
Живеете во заблуда. Колку се потемни облаците толку поголема ќе биде интригата во која ќе упаднете.
ОБЛЕКА
Неостварени тежнеења. Бела облека – свадба. Многу убава облека – изобилство. Валкана облека – кавга и непријатности. Нова облека – средба со ваши добри пријатели кои биле отсустни. Носена облека – загуба на нешто драго. Ако перете облека – мали непријатности, но со добар крај. Ако ставате облека да се суши – ќе чуете важна новост. Ако видите облека ставена да се суши – за болни – оздравуване, за здрави – задоволство. Домашна облека – зголемување на семејството. Женска облека на машко – срамота. Широка облека – имате преголеми желби. Тесна облека – немаштија.
ОБЛОЖУВАЊЕ
Ако се обложувате со некого – не впуштајте се во премногу смели шпекулации. Ако добиете облог – неочекуван успех. Ако изгубите облог – ќе направите некоја грешка.
ОБРАЗИ
Бледи образи – болест. Дебели образи – премногу сте преокупирани со своите интереси. Набрчкани образи – живеете раскалашен живот. Румени образи – успех во работата. Слаби образи – премногу сте преокупирани со грижата за вашата тежина.
ОБРАЧ
Уништени надежи.
ОВЕН
Благосостојба. Ако на сон убиете овен – жалост. Ако го изгубите – некое лице, кое ви е потчинето, ќе ве покраде и ќе ви го заведе партнерот.
ОВОШЈЕ
Ако јадете овошје – задоволство. Ако јадете овошје наизглед убаво, но со непријатен вкус – чувајте се од неверство. Ако подарувате овошје – ќе стекнете нечија љубов или пријателство. Незрело овошје – ви претстојат непријатни случки. Скапано овошје – некој сака да ве излаже. Продавница за овошје – задоволство и успех. Овошје паднато под дрво – несреќа. Овошје во корпа – радост.
ОВОШКА (дрво)
Расцветана овошка – среќа. Овошка со плодови – успех. Сува овошка или без плодови – неуспех. Ако тресете овошка – имате добри соседи. Ако калемите овошки – имате лоши навики.
ОВОШТАРНИК
Несогласувања во љубовта. Ако шетате низ овоштарник – ви претстои безгрижен живот.
ОВЦА
Задоволство. Ако најдете изгубена овца – среќа во бракот. Овца што скока – ќе му се радувате на успехот на своите деца.
ОВЧАР
Види – ПАСТИР
ОГАН
Ако палите оган – ќе стекнете нечија љубов. Оган без чад – здравје. Силен оган – непоматена радост и чест. Оган со многу чад – недоразбирање кое ќе ве погоди. Оган што паѓа од небо – ќе се случи некоја неправда. Акo огнот не се гледа од чад – ќе изгубите нешто, што најмалку сте го очекувале. Ако газите на оган – откажете се од смелите планови. Ако огнот ви наштети – непријатности. Ако трчате низ оган – ќе се ослободите од големи грижи. Ако гаснете оган – откажете се од работата што сте ја наумиле. Ако огнот фрла искри – добивка. Ако разгорувате оган – кавга, каење. Ако ложите оган во печка – успех на сите полиња.
ОГЛАС
Ако на сон читате оглас – пријатни новости.
ОГЛЕДАЛО
Венчавање.
ОГНИШТЕ
Ако готвите на огниште – ќе основате свој дом. Ако го гасите огнот во огништето – некој тајно ве сака. Распалено огниште – посета.
ОГНОМЕТ
Убава иднина.
ОГРАДА
Ќе мора да совладате некои препреки. Ако ја прескокнувате – ќе најдете излез од некоја тешка ситуација.
ОДВРАТНОСТ
Ако на сон почувствувате одвратност кон нешто – на јае ќе бидете многу лути.
ОДЕЊЕ
Бавно одење – грижи. Ако ви е тешко да ги кренете нозете – ќе ви однесат нешто вредно. Одење по покрив – болест. Ако одите куцајќи – тешко ќе го постигнете она што сте го наумиле. Брзо одење – ќе имате препреки при остваруваљето на некои намери. Одење преку трева – ќе ве излажат пријателите. Одење по кал – големи грижи. Ако одите назадечки – неуспех во работата. Одење по рамно – пријатен настан. Одење под дрвја – грижи.
ОДМАЗДА
Ако се одмаздувате – ќе настрадате. Ако некој ви се одмаздува – сигурни сте пред бесот на луѓето. Ако веќе сте се одмаздиле – ќе се исполни она на што се надевате.
ОДМАРАЊЕ
Безгрижна старост.
ОДМОР
Ако заминувате некаде на одмор – ќе имате весела и пријатна авантура.
ОДМОТУВАЊЕ
На конец – малку по малку ќе го изгубите имотот. На сеила – еден лош човек ќе ве пренесе жедни преку вода.
ОЗБОРУВАЊЕ
Ќе го смените местото на живеење.
ОЗДРАВУВАЊЕ
Мала опасност која може да се избегне со внимавање.
ОКЛОП
Ако носите оклоп – углед. Скршен оклоп – некој ќе сака да ве потчини.
ОЛОВО
Лажно ве обвинуваат. Ако леете олово – среќа во бракот.
ОЛТАР
Среќа во мали добивки.
ОМНИБУС
Ако се возите во омнибус – потребен ви е поголем труд ако сакате да ја постигнете целата. Ако го видите – животната ситуација полека, но сигурно ви се подобрува.
ОМОРИКА
Среќа и задоволство во семејството.
ОМРАЗА
Ако на сон почувствувате омраза спрема некого – ќе бидете претрупани со работа.
ОПАСНОСТ
Заминување на некое драго лице.
ОПАШКА
Ќе задоцните на важен состанок. Ако имате опашка – партнерот ве изневерува. Животно со долга опашка – наскоро ќе дознаете за заговорот против вас.
ОПЕРА
Веселба. Зграда на опера – самољубието ќе ви наштети.
ОПЕРАЦИЈА
Ако гледате операција – болест. Ако на сон ве оперираат – ве очекува насилна промена.
ОПИНЦИ
Грижи. Нови опинци – радост. Искинати опинци – болест. Ако носите опинци – среќа.
ОПИУМ
Ви се заканува голема опасност. Ако земате опиум – тешка болест.
ОПСАДА
Успех во работата, углед и чест.
ОРАНИЦА
Малите успеси ќе ве развеселат. Обработена ораница – ќе ви се исполнат очекувањата. Необработена ораница – неуспех. Ако ја орате – среќа.
ОРГУЛА
Ако ја видите – внимавајте да не направите некоја непромислена постапка. Ако ја слушнете – мир, задоволство и убава иднина.
ОРДЕН
Углед и чест.
ОРЕВ
Опасност. Стебло – венчавање. Дрво (орев) со плодови – грижи кои набрзо ќе исчезнат. Дрво (орев) без лисја – брачни караници. Ако ги чистите оревите од лушпи – само со голем труд ќе ги остварите свите намери. Ако кршите ореви – минливи несогласувања во бракот. Ако јадете ореви – подарок. Ако берете ореви од дрво – среќа.
ОРЕЛ
Ако полетува – добар исход на работите. Ако лета – неостварени желби. Орел во кафез – семејни проблеми. Ако го фатите – тага. Ако ловите орел – загуба, штета. Ако убиете орел – штета. Ако одлетува со плен – чувајте се од непријателите. Ако долетува со плен – неочекувана добивка. Ако го видите на дрво во шума – срамота. Ако паѓа или нагло се спушта – во опасност е некој ваш потфат. Бел орел – наследство. Ако го видите во својот дом – богатство.
ОРИЗ
Ако јадете ориз – здравје и долг живот. Ако готвите ориз – за болни – оздравување, за здрави – благосостојба. Ако купувате ориз – подобрување на материјалната состојба.
ОРНАМЕНТ
Ќе бидете во друштво со угледни луѓе. Ако цртате орнаменти – подобрување на животната ситуација.
ОРУДИЕ
Успех во работата, постигнат со сопствен труд.
ОРУЖЈЕ
Ако се наоѓате во соба полна со оружје – ќе одите во војна. Ако видите оружје – кавга. Ако носите оружје – ќе имате незгода. Скршено оружје – ќе бидете немоќни во борбата проитв непријателот. Вооружен напад – тешко ќе ги остварите своите права.
ОСА
Ситни непријатности кои брзо ќе престанат. Ако ве боцне оса – разочарување, клевети, интриги. Ако бркате оси – разделба со некое драго лице. Осилно гнездо – голема загуба. Ако убиете оса – несреќа.
ОСИРОМАШУВАЊЕ
Навикнете се на штедење.
ОСЛАБУВАЊЕ
Ако се видите на сон ослабени – загуба. Ако видите некој друг ослабен – на туѓа сметка ќе дојдете до добивка.
ОСТАВАЊЕ
Ако некој ве остави, ве напушти – жалост, заморна работа, кавга.
ОСТРОВ
Ќе ве напушти љубовникот/љубовницата. Остров со зеленило – наскоро ќе се случи нешто убаво. Ако пристигнувате на остров – голема среќа. Ако сте сами на остров – ќе ве напуштат пријателите. Пуст остров – загуба.
ОСУДА
Крај на непријатностите. Ако сте осудени – телесна повреда. Ако ги осудувате противниците – добивка.
ОТКРИТИЕ
Ќе чуете важни новости.
ОТПАДОК
Добивка.
ОТПАТУВАЊе
Без доволно внимание потфатот ќе заврши неуспешно.
ОТПЕЧАТОК
Ако на сон видите отпечаток од нешто – ќе ви биде страв од нешто или некој.
ОТРОВ
Ако на сон земете отров – со неблагодарност ќе ви возвратат на вашите добрини. Ако го давате некому – ќе примите добар совет. Ако сте отруени – ќе изгубите пари или пријатели. Ако подготвувате отров – плановите да наштетите некому нема да ви успеат. Ако одбиете да испиете отров – ќе пропуштите некоја поволна прилика. Отровно растение – се готват завери во вашата најблиска околина.
ОТСУТНОСТ
Ако сонувате дека сте отсутни од некој настан – разочарување.
ОФИЦЕР
Задоволство и углед.
ОЦЕТ
Ако пиете оцет – разочарување. Ако го истурате – некој од најблиската околина не ви мисли добро. Црн оцет – ќе ве презираат и лошо ќе постапуваат со вас.
ОЧИ
Сини очи – страсна љубов / некој тајно ве сака. Црни очи – бидете внимателни со т.н. пријатели. Кратковидни очи – загуба. Ако сте лишени од видот – разочарување. Големи и убави очи – Благосостојба и среќа. Едно око – бидете внимателни во работата.
ОЧИЛА
Ако носите очила на сон – потребна ви е заштита. Ако купувате очила – бидете повнимателни. Ако ги изгубите – треба подобро да си го чувате имотот. Ако ги скршите – штета.
ОЧУВ
Ќе западнете во долгови.
ОЏАК
Семејна среќа. Пожар во оџакот – жестока караница во семејството. Паднат оџак – големи трошоци. Оџак без чад – немаштија. Оџак со чад – успех.
OЏАЧАР
Среќа во љубовта. Ако се сонувате како оџачар – ќе чуете важни вести.