ЅВЕЗДИ
Ќе се вљубите во лице постаро од вас. Сјајни ѕвезди – добри новости. Матни ѕвезди – лоши новости. Ако ѕвездите се движат долу – среќа. Ако се движат лево-десно – ненадејна смрт. Ѕвезда што паѓа – ненадејна среќа. Ѕвездено небо – радост.

ЅВЕР
Грижи и страв.

ЅВЕЧАРКА
Озборување. Ако ве касне – грижи.

ЅВОНО
Ако на сон чуете ѕвоно – страв ви е од непријателите. Ако вие ѕвоните – ќе барате совет или помош. Ако нешто ѕвони, а не се слуша – нема да послушате некој совет и тоа ќе ви донесе штета.

ЅИД
Ако градите ѕид – свадба. Ако рушите ѕид – ќе имате голема корист. Ако ѕид ви го препречува патот – големи грижи. Ако прескокнете ѕид – ќе уживате во големо задоволство, бидејќи ќе ги победите непријателите.

ЅИДАЊЕ
Ако сами ѕидате нешто – бавно, но сигурно ќе стигнете до целта. Ако гледате како ѕидаат – непријатни вести. Ако нешто заѕидате – ќе зачувате некоја тајна за себе.

ЅИДАР
Неуспех и загуба на пари.