ШАБЛОН
Ќе бидете или нерешителни или неспособни да остварите некоја своја намера.
ШАЈКА
Ако најдете шајка – ќе ви се исполнат желбите. Ако ковате шајки – ќе донесете вистинска одлука. Долга шајка – долг живот. Многу шајки – подобрување на ситуацијата. Ако вадите шајки од нешто – ќе чуете некоја тајна. Стара, ‘рѓосана шајка – домот ви е во опасност.
ШАЛ
Несреќа.
ШАМИЈА
Види – МАРАМА
ШАМПАЊ
Непостојана среќа. Ако пиете шампањ – трошите повеќе пари отколку што заработувате.
ШАМПИЊОНИ
Внимавајте при изборот на брачен партнер. Ако ги јадете – ќе бидете пофалени.
ШАНК
Многу ќе ви ветуваат, а малку ќе исполнат.
ШАПКА
Види – ШЕШИР
ШАПКАР
Вложувате напор во нешто што нема да ви донесе никаква корист.
ШАТОР
Ќе живеете како уличар.
ШАХ
Ако играте шах – добри планови, но со несигурен крај. Ако на сон учите да играте шах – моменталната желба нема да ви се оствари. Ако гледате како други играат шах – не мешајте се во туѓите неволји.
ШАХОВСКА ТАБЛА
Задоволство и смирување.
ШАХОВСКИ ФИГУРИ
Сеуште е далечен патот до потполниот успех.
ШЕГУВАЊЕ
Пријатни моменти. Ако слушате како некој се шегува – жалост. Ако се шегувате на туѓа сметка – со своите постапки ќе си создадете непријатели.
ШЕПА
Шепа од кое било животно – ќе ве примораат да направите нешто против своја волја.
ШЕПОТЕЊЕ
Ако шепотите со некого – лошо влијаете врз луѓето. Ако шепотите со саканото лице – разочарување.
ШЕСТАР
Непријатности од кои тешко ќе се извлечете.
ШЕТАЊЕ
Ако шетате сами – среќа и радост. Ако шетате со други – проблеми во работата.
ШЕЌЕР
Ако јадете шеќер – многу ви ласкаат. Ако купувате шеќер – добар живот. Ако добиете шеќер – некој ве сака, а вие не знаете.
ШЕЌЕРАНА
Ќе добиете покана за свеченост.
ШЕФ
Ако го видите или разговарате со него – ќе ја смените професијата или работното место.
ШЕШИР
Нов шешир – углед. Стар шешир – губење на угледот. Ако ветар ви го однесе шеширот – во последен моменет ќе ви избега некоја добивка. Ако го чистите – ќе претрпите штета. Шешир на глава – патување. Шешир на туѓа глава – грижи. Цилиндер – незгодни вести.
ШИЕЊЕ
Добро вработување. Ако се боцнете со игла при шиење – ќе дознаете за нечија свадба. Ако ви подарат прибор за шиење – од срце ќе се израдувате на нешто. Ако го изгубите приборот за шиење – љубовни јадови. Машина за шиење – брз развој на некои настани.
ШИЛО
Пазете се од моќта на својот противник.
ШИМПАНЗО
Ве очекува омраза и завист.
ШИПКИ
Ако берете зрели шипки – ќе стекнете нечија наклоност. Ако берете незрели шипки – непријатности поради озборување. Ако јадете шипки – ќе ви се восхитува околината.
ШИШАРКА
Неочекувана среќа.
ШИШЕ
Празно шише – немаштија. Шише полно со нешто – ќе ве озборуваат. Шише полно со вино – богатство. Скршено шише – сиромаштија и болест. Големо шише – долгови. Мало шише – големо изненадување.
ШКАФ
Се наоѓате пред некоја тајна. Ако на шкафот има клуч – тајната ќе биде откриена. Отворен шкаф – не знаете да ги чувате своите тајни. Многу шкафови – подобра иднина.
ШКОЛКА
Празна школка – празна среќа. Полна школка – многу среќа. Ако ја најдете – непријатности од кои ќе се извлечете со тешки маки.
ШЛАКАНИЦА
Ако удрите некому шлаканица – лага. Ако примите шлаканица – се дружите со лошо друштво.
ШЛЕМ
Ќе најдете моќен заштитник.
ШМИНКА
Сте се отуѓиле од луѓето.
ШМРК
Непријатно изненадување.
ШОЛЈА
Углед и задоволство. Ако на сон купувате шолја – ќе добиете покана за на гости. Ако скршите шолја – одрекување од љубовта. Ако добиете шолја како подарок – ќе сретнете верни пријатели. Ако подарите некому шолја – радо сте видени во друштво. Ако пиете од шолја – среќа во љубовта.
ШОФЕР
Ќе ви се исполнат некои желби и надежи.
ШПИОН
Ќе извршувате некои одговорни должности.
ШТАВЕЊЕ КОЖА
Ако вие штавите кожа – ќе морате да прифатите некоја непријатна работа. Ако гледате како други штават кожа – ќе избегнете непријатна работа.
ШТАЛА
Ако видите штала или се најдете внатре – ќе решите некои проблеми. Ако е празна – лага. ако внатре има кози – радост. Ако има говеда – благосостојба.
ШТЕДЕЊЕ
Успех на сите подрачја.
ШТЕДНА КНИШКА
Некому ќе позајмите пари.
ШТЕТА
Ако на сон претрпите штета – деловен успех.
ШТИПЕЊЕ
Ако штипете некого – непријатности. Ако некој вас ве штипе – непријатности и расправии.
ШТИТ
Непријателите чекаат да згрешите.
ШТИЦА
Ако сечете штици – смрт на некое блиско лице.
ШТРК
Среќен брак. Ако лета – неуспех во некој погфат.
ШТУКА (мавање)
Посета.
ШТУРЕЦ
Ако на сон чуете штурец – имате пријатели за кои и не знаете.
ШУГА
Ако на сон имате шуга – треба да го поправите своето однесување кон другите. Ако друг има шуга – добивка.
ШУМ
Шумолење на вода – непријатности на патување. Шумолење на ветар – не карајте се за ситници.
ШУМА
Веселба. Ако одите низ шума – наследство. Гола шума – многу работа. Шума во пламен – несреќа. Зелена шума – среќа. Мрачна шума – несреќа, тага. Исечена шума – неуспех. Борова шума – големо изненадување. Букова шума – голема добивка.
ШУМАР
Углед и задоволство, но може да значи и опасност.
ШУМАРСКА КУЌА
Ќе наидете на добар прием кај непознати луѓе.
ШУНКА
Покана за на гости. Ако јадете шунка – незадоволство, влошување на ситуацијата. Расипана шунка – озборување. Ако готвите шунка – интриги. Ако сечете шунка – ќе обавувате некоја бескорисна работа. Ако купувате шунка – раздор и кавги во домот.
ШУПЛИНА
Ако се наоѓате во некаква шуплина и не можете да излезете – ве очекуваат тешки грижи и јад.