ЛАБОРАТОРИЈА
Ќе се здобиете со ново познанство, но може да биде и предзнак за болест.

ЛАВ
Несреќа. Питом лав – склучување на ново познанство. Рикање на лав – опасност. Лав во кафез – ќе го победите непријателот. Ако на сон ве гони лав – загуба. Лавица со мали лавчиња – среќа во семејството. Ако убиете лав – ќе стекнете моќ и углед. Ако ловите лав – доброто со добро ви се враќа.

ЛАВАНДА
Грижи, непријатности.

ЛАВИНА
Ви претстои опасност, не плашете се сами да ја отстраните. Ако ве затрупа лавина – ве очекуваат неприлики кои не ќе можете да ги избегнете.

ЛАВИРИНТ
Ќе најдете нешто многу вредно и никој не ќе може да ве спречи да си го земете. Ако не можете да излезете од лавиринтот – ви претстојат големи проблеми. Ако излезете ол лавиринтот – ќе ги совладате сите препреки.

ЛАДАЛО
Невозвратена љубов. Ако се ладите со ладало – некој ќе го одбие вашето пријателство. Ако изгубите ладало – болка.

ЛАДОВИНА
Не сметајте премногу на пријателите.

ЛАЕЊЕ
Предупредување, обрнете повеќе внимание на советите што ви ги даваат вашите поискусни пријатели. Бесен лаеж – непосредна опасност. Завивање на куче – смртен случај. ‘ржење на куче – пазете се од подмолни луѓе. Ако слушате лаење, a не го гледате кучето – се полготвува некое зло.

ЛАЖЕЊЕ
Ќе бидете посрамени. Ако на сон слушате лаги – некој ќе се обиде да ве насамари.

ЛАЖИЦА
Сигурна иднина. Сребрена лажица – ќе добиете покана за гозба. Голема лажица – ќе бидете во пријатно друштво. Мала лажица – удобен живот. Дрвена лажица – задоволство во семејството.

ЛАЖЛИВЕЦ
Пазете се од непријателите.

ЛАК
Лажните надежи ќе ви донесат разочарување.

ЛАК И CTPЕЛA
Ќе наидете на поддршка и разбирање. Ако гаѓате и погодите – со успех ќе ја завршите работата. Ако промашите – ќе мора да почнете се одново.

ЛАКИРАЊЕ
Ќе ви возвратат со неблагодарност.

ЛАКРДИЈА
Околината ве лаже за нешто.

ЛАЛЕ
Несреќна љубов. Ако садите лалиња – ќе сретнете убава жена. Ако берете лалиња – неуспех со припадниците на спротивниот пол поради сопствената невнимателност. Ако поливате лалиња – ќе се додворувате на некое глупаво лице.

ЛАМПИОН
Караница.

ЛАСИЦА
Неверство. Ако ловите ласици – неодговорност. Ако ја држите во раце – невниманието ќе ви наштети. Ако убиете ласица – голем успех.

ЛАСКАЊЕ
Ако некој на сон ви ласка – бидете внимателни најаве. Ако вие некому ласкате – ништо нема да постигнете без труд.

ЛАСО
Ќе ви ја одземат слободата.

ЛАСТОВИЦА
Во гнездо – радост, среќа во љубовта. Ако ластовицата лета околу куќа – новости. Ако слушате цвркот на ластовица – радосна вест. Ако ластовицата влегува дома – среќа во семејството. Ако ја напушта куќата – раздор во семејството. Ако на сон уништите ластовичко гнездо – поради сопственото невнимание ви претстојат непријатности. Ластовица што лета – пријатна посета. Ако гледате како гради гнездо – љубовен и деловен успех.

ЛЕА
Леа посадена со салата – многу труд, малку резултати.

ЛЕБ
Бел леб – наскоро радост. Црн или бајат леб – грижа. Тазе леб – ве очекува среќа. Ако некој ви даде леб – загуба. Ако печете леб – ќе бидете расположени. Ако јадете леб – благосостојба.

ЛЕБЕД
Добри односи со околината. Бел лебед – спокојство. Црн лебед – грижи и караници. Ако го чуете како пее – смрт. Лебед што плива – ќе ја загубите честа. Лебед што лета – загуба на имотот. Лебед што зборува со човечки глас – ве очекува некаква пресуда.

ЛЕГЛО
Наскоро венчавање, пород.

ЛЕЖЕЊЕ
Ќе бидете тажни. Лежење на ливада – утеха. Лежене болен в кревет – жалост и огорчување.

ЛЕК
Загуба, но таква што може лесно да се надомести. Ако пиете лекови – несреќа. Ако ги давате на други – среќа.

ЛЕКАР
За болни – здравје. За здрави – ви треба добар совет. Ако на сон му плаќате на лекарот – непријатности. Ако лекарот ви даде лек – ќе чуете вести. Ако разговарате со него – некоја желба нема да ви се исполни.

ЛЕКОВИТИ ТРЕВКИ
Сериозна болест.

ЛЕОПАРД
Страв. Ако ве нападне – опасност.

ЛЕПАК
Несогласување во љубовта.

ЛЕПЕЊЕ
Ако лепите нешто – успех на работа.

ЛЕТАЊЕ
Блаженство. Долго летање – наредните денови ќе ви поминат многу пријатно. Брзо летање – болест. Ако паднете при летање – непријатности. Летање со крилја – среќа. Ако гледате како летаат други – ќе ве обземе завидливост.

ЛЕТО
Веселба. Ако сонувате дека е лето, а вие сте топло облечени – неуспех во работата, залудно вложен труд.

ЛЕЌА (растение)
Кавги, недоразбирања.

ЛЕШ
Ако го видите дома – свадба. Повеќе лешови – пријатен настан.

ЛЕШНИК
Ако берете лешници – ќе решите некои ситни проблеми. Ако барате лешници – кавга со соседите. Ако јадете лешници – забоболка.

ЛИВАДА
Зелена ливада – повторна средба со изгубената љубов. Одење по ливада – ќе присуствувате на нечиј погреб. Искосена ливада и посебно ако одите боси по неа – непријатности и пакости од луѓето што ве опкружуваат. Исушена ливада – безнадежност. Неискосена ливада – радост, љубовна средба.

ЛИВЧЕ ХАРТИЈА
Испишано – не претерувајте со ситниците. Ако е скинато – крај на едно пријателство.

ЛИЗГАВИЦА
Ослободете се од околината која ве одвлекува на празни забави.

ЛИЗГАЛКИ
Успех во некој потфат.

ЛИЗГАЊЕ
Лизгање на мраз – добивка.

ЛИКЕР
Краткотрајна радост.

ЛИЛЈАК
Несреќа. Многу лилјаци – голема несреќа.

ЛИМ
Ве очекува жестока расправија. Ако режете лим – ќе се осветите некому. Ако го виткате – успех и победа.

ЛИМАР
Домашна караница.

ЛИМЕНИ САДОВИ
Кавга.

ЛИМОН
Радосна вест. Ако лупите лимон – ќе избегнете некоја опасност благодарение на својата разумност. Ако јадете лимон – чезнеете по топлина.

ЛИМОНАДА
Болест.

ЛИПА
Безгрижна иднина. Ако се качувате на липа – ќе ви се исполнат желбите. Ако берете цвет од липа – бакнување.

ЛИРА (музички инструмент)
Радосни вести.

ЛИСИЦА
Внимавајте, покрај вас е некој кој сака да ви наштети. Ако ја фатите – задоволство. Ако ја убиете – ќе се ослободите од некоја опасност. Лисица без опашка – ќе ги победите соперниците. Питома лисица – неверство. Крзно од лисица – ќе ве изиграат „пријателите“. Ако јадете месо од лисица – свадба.

ЛИСТ
Ако гледате како летаат лисја во воздухот – ќе ви пропаднат некои големи планови. Ако слушате шум од лисја – радост. Еден лист – надеж. Зелени лисја – голема веселба. Ако паѓаат лисја – подгответе се за некоја загуба, ако кинете листови ќе ве обземе бес. Суви лисја – подарок.

ЛИФТ
Ќе ги надминете препреките, но со туѓа помош.

ЛИХВАР
Ќе барате помош на погрешно место.

ЛИЦЕ
Свое лице – болест. Бледо лице – опасна болест. Грдо лице – грижи, големи неволји. Ако го видите своето лице убаво – децата ќе ви бидат среќни. Ако видите туѓо убаво лице – ќе добиете помош од некој заштитник. Ако се миете – ќе зажалите поради некоја ваша постапка. Насмеано лице – среќа и љубов. Ако го криете лицето – лоши вести. Ако го видите одразот од своето лице во вода – углед и долг живот. Ако видите нејасно лице – болка. Црвено лице – ќе наштетите некому.

ЛИШАЈ
Болест.

ЛОВ
Тешка работа без вистинска цел. Ако уловите нешто – добивка во игри на среќа. Ако се враќате од лов без плен – разочарување. Лов на птици – лошо постапувате со оние што ви се подредени. Риболов – ве очекува таква опасност што ќе ја предизвикате сами.

ЛОВЕЦ
Ако го видите или ако разговарате со него – ќе бидете лекомислени. Ако сте вие ловец – некој тајно ве сака.

ЛОВЕЧКИ НОЖ
Или вие сте фалбаџија или такви луѓе ве опкружуваат.

ЛОВЕЧКИ РОГ
Задоволство.

ЛОВЕЧКО КУЧE
Пријатен настан.

ЛОВОР
Здравје и задоволство.

ЛОВОРОВ ВЕНЕЦ
Успех, добивка и победа.

ЛОГОРУВАЊЕ
Во природа – ве очекуваат радосни моменти.

ЛОЗ
Залудно се надевате. Ако влечете лоз – разочарување. Ако купувате лоз – загуба. Ако го најдете – добивка во игри на среќа.

ЛОЗИНКА
Среќа, исполнување на желбите.

ЛОЗЈЕ
Благосостојба и среќа. Ако јадете грозје во лозје – некое женско лице ќе ве исмее.

ЛОКНА
Локна од коса – ќе примите пријатна порака.

ЛОКОМОТИВА
Среќа во иднината. Ако ја чуете да свири – опасност. Управувате со локомотива – непријатности на работа. Си заминува – ќе се ослободите од некои здодевни луѓе. Ако доаѓа – ќе чуете важна вест.

ЛОПАТА
Тешко ќе си го заработите лебот. Ако работите со лопата – ќе ви помогнат пријателите.

ЛОСОС
Ако го ловите – трудот ќе ви биде награден. Ако го јадете – ќе најдете нешто вредно.

ЛОСТ
Некои тешкотии ќе пребродите со помош на пријателите. Ако сами се служите со лост – ќе помогнете некому. Пукнат лост – неуспех.

ЛОТАРИЈА
Несигурност. Ако играте – ќе бидете радо прифатени во друштво.

ЛУБЕНИЦА
Неостварени љубовни желби. Ако јадете лубеница – краткотрајна среќа во љубовта.

ЛУДАК
Имате несредени односи со околината.

ЛУДНИЦА
Сериозна болест. Ако се наоѓате во лудница – работите ќе ви тргнат наопаку.

ЛУЃE
Многу луѓе – несреќа. Непознат човек – корист. Убиен човек – добивка. Лоши луѓе – грижи. Весели луѓе – некои надежи ќе ви се остварат. Тажни луѓе – непријатности.

ЛУЗНА
На телото – чест и слава. На лицето – внимавајте да не ве повредат во тепачка.

ЛУК
Ако јадете лук – некоја ваша постапка ќе има лоши последици. Ако сечете лук – незгодна работа. Ако садите лук – ве опкружува злоба. Ако берете лук – ќе се каете.

ЛУЛАЊE
Неодлучноста ќе ве доведе до неуспех.

ЛУЛE
Очекувајте подарок. Ако пушите со луле – здравје, мирен живот.

ЛУЛКА
Брак, а за оние во брак – дете. Ако нишате лулка – вонбрачно дете. Ако добиете лулка за подарок – исмејување. Празна лулка – смрт. Превртена лулка – несреќа во домот.

ЛУПEЊE
Ако на сон нешто лупите – смртен случај во семејството.

ЛУСТEР
Неизвесност. Ако свети – ве очекува пријатно доживување. Ако го изгаснете – внимавајте, да не направите погрешен потег. Ако го скршите – не правете лудости. Ако купите лустер – ќе ги средите односите во семејството.

ЛУТИНА
Кавги, грижи и непријатности.