in

Том Круз повторно во фокусот: Новата насловна на GQ предизвика бурни реакции

Том Круз повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не поради новата улога во филм, туку заради својата појава на насловната страница на магазинот „GQ“. По 20 години, 64-годишниот актер повторно е главна атракција во новото издание на магазинот, во рамките на големо интервју каде што разговара за својата кариера, стареењето, и љубовта кон киното.

Фотосесијата предизвика различни реакции на социјалните мрежи. Некои фанови го пофалија за одличната физичка форма и самодоверба на оваа возраст, додека други сметаат дека концептот не е соодветен и оти тој можел да биде претставен на поелегантен начин. Коментарите на социјалните мрежи вклучуваат остри критики, особено кон фотографиите на кои Круз е без маица. Сепак, има и поддршка, со коментари дека изгледа импресивно за свои години.

Во интервјуто, самиот Круз не покажува загриженост за својата возраст. На прашањето дали годините влијаеле на него, тој едноставно одговара: „Имам 64 години“, нагласувајќи дека продолжува да има нови соништа и цели.

Оваа фотосесија доаѓа пред објавувањето на неговиот нов филм „Digger“, кој го режира Алехандро Г. Ињариту, каде што Круз игра улога на нафтен магнат. Наместо да помине незабележано, насловната на „GQ“ повторно го врати Том Круз во центарот на интернет дискусиите.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Зара Ларсон во динамична кореографија на Rock in Rio – Неверојатен настап!