Нема ништо лошо со овој рецепт.
Состојки:
- 1 кромид
- 1 црвена пиперка
- 3 големи компири
- 2 лажици доматно пире
- Вода
- 2 ловорова листа
- сол, бибер
- 4 батак
- 1 бело месо
- 3 лажици масло
Рецепт за њоки:
2 јајца,
5 лажици брашно,
2 лажици гриз,
1 дл минерална вода
Подготовка:
Зеленчукот исечкајте го и динстајте го со малку масло и вода. Во зеленчукот додајте ги батаците, исечканото месо и ловоров лист заедно со малку вода и доматно пире. Додадете сол и бибер по вкус. Оставете на средна температура да се динста. Додадете вода доколку е потребно.
Во меѓувреме подгответе ги њоките – изматете ги јајцата, додадете брашно, гриз и додадете малку вода. Оставете ги да одморат 15 минути, а потоа извадете ги со лажица и нежно спуштете ги во манџата.
Папракашот е готов кога месото лесно ќе се одвои од коските и кога кнедлите ќе набабруваат и ќе испливаат на површина!



GIPHY App Key not set. Please check settings