in

Златко Џеј Зи Џеј му оддаде почит на легендарниот дизајнер Боб Маки

Познатиот дизајнер Златко Џеј Зи Џеј, познат и како „King of Sparkle“, направи емотивен пост на Инстаграм во чест на легендарниот американски дизајнер Боб Маки и неговиот огромен придонес во модата.

Златко сподели дека првпат се запознал со творештвото на Маки во средно училиште и дека впечатливите фустани за Шер оставиле силен импакт на него.

„Кога ја гледав Шер во неговите креации, знаев дека токму такви фустани сакам да правам еден ден“, напиша Златко.

Тој објави и фотографија од една од креациите на Маки, која ја смета за своја омилена, откривајќи дека фустанот е изработен во 1974 година.

„Боб Маки можеби не е повеќе тука, но неговите креации и сценски костими ќе останат засекогаш. Ова е мојата омилена креација“, изјави Златко.

Според него, Маки не бил само дизајнер, туку и пионер чии идеи оставија трага во светот на сценската мода.

„Неговите креации секогаш ќе бидат голема инспирација за мене. Фала ти, Боб Маки, за сè! Почивај во мир“, додаде дизајнерот.

Делата на Маки оставија траен печат во модната историја, со неговите впечатливи комбинации на раскош, сјај и драматичност.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Телефонот го нарушува нашиот фокус – Прегледот на пораките создава поголеми последици!

Белград ќе биде домаќин на финалето на УЕФА Лига Европа 2029 година