Состојки:
– 250 гр шеќер
– 0,75 dl вода
– 125 гр путер
– 100 гр мелени ореви
– 100 гр мелени бисквити
– 80 гр чоколадо
– 2 лажички мелено кафе
Глазура:
– 200 гр чоколадо
– 3 лажици масло
Подготовка:
Постапката е иста како при подготовка на бајадера, значи да се вари шеќерен сируп и малку вода, да се варат три до четири минути.
Се трга од шпорет и се додава прво путерот, па се меша додека не се растопи.
Потоа додадете мелени ореви и бисквити, чоколадо и кафе и сето убаво измешајте.
Кога смесата ќе се олади, формирајте топчиња.
Добро изладете, па потопете ја во чоколадната глазура која ќе ја направите така што ќе го стопите чоколадото на умерена температура со малку масло.
Се става на целофан додека не се стврдне глазурата.
Готовите топчиња наредете ги во мали хартиени корпички.
Можете да притиснете чепкалка за заби во центарот на топката за да добиете изглед на зрна кафе или да декорирате по желба.
Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings