Чорбите и супите се идеални за есенските и зимските денови, бидејќи го загреваат и го оживуваат организмот. Полни се со витамини, а се одличен оброк на лажица
Домашната крем супа од карфиол е одличен начин да се заживеете и да го зајакнете имунитетот, бидејќи е богата со витамини. Може да биде и комплетен оброк бидејќи е исклучително заситен и хранлив.
Состојки:
1 главица карфиол
2 компири,
1 главица кромид,
чаша кисела павлака
сол, бибер

Подготовка:
Во тава ставете ситно сечкан кромид, цветчиња карфиол и компири исечкани на коцки. Истурете вода и варете додека зеленчукот не омекне. Потоа изблендирајте со миксер, зачинете, додадете павлака и динстајте уште неколку минути.



GIPHY App Key not set. Please check settings