Ова не е типична чорба од печурки, со оглед на тоа што е направена од сушен вргањ кој има поинтензивен вкус, но токму овој детаљ ја прави посебна… Уживајте!
100 гр сушени вргањ
главици кромид,
четири големи моркови
корен од целер
четири компири,
маслиново масло
малку павлака за готвење,
сол, бибер
Подготовка:
Потопете ги печурките во топла вода и оставете ги да отстојат 20 минути. Во тенџерето со водата во која се натопени додадете ги покрупно исечените кромид, моркови, компири, целер и печурките кои ги натопивте, зачинете, прелијте со вода и масло и варете додека зеленчукот не омекне. Изблендирајте во блендер, вратете го на оган, измешајте ја павлаката за готвење, динстајте една минута, па послужете.
GIPHY App Key not set. Please check settings