Што е најпријатно во зима? Кревет и топло ќебе. Добра книга или серија. Многу сон. Манџа. За второто се погрижи оваа богата, кремаста супа… Уживајте!
2 лажици путер
100 гр чадена сланина
3 компири
2 моркови
2 парчиња пашканат
0,5 кг праз
коцка за пилешка супа
2 дл крем за готвење
сол, бибер
мајчина душица, босилек
ѓумбир, чили
За да послужите:
неколку лажици рендан пармезан
малку магдонос
Подготовка:
Зеленчукот и сланината исечкајте ги на коцки. На путер пропржете ја сланината (оставете малку на страна за сервирање), додадете го празот, а кога ќе се испржи додадете го остатокот од зеленчукот. Истурете вода да се покрие, па оставете да зоврие. Додадете ја коцката за супа, намалете ја топлината и варете околу половина час. Истурете го кремот за готвење и зачинете, а по желба изблендирајте. Послужете со малку сланина, пармезан и свеж магдонос.
Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings