Официјалниот профил на Хајп телевизија сподели длабоко емотивна објава посветена на Саша Мирковиќ, сопственикот и директор на Хајп продукција. Објавата вклучува серија илустрации и пораки кои опишуваат неговите животни борби, загуби и патот до повторно пронаоѓање на сила.
Во девет илустрации, представен е како човек кој се соочил со бројни предизвици, вклучувајќи финансиски тешкотии, семејни проблеми, емотивни разочарувања и закани.
Во една од пораките се вели дека „изгубил сè“ и дека успеал да сфати дека неговата вредност не зависи од материјалните работи. Во друга порака, истакнува дека научил да биде самостоен и потпора за себе, по тешките семејни борби кои често останувале непрепознаени.
Објавата го истакнува и неговото искуство со тешките емотивни моменти, каде што се наведува: „Му било скршено срцето, ја изгубил довербата, но повторно научил да сака.“
Посебно внимание се посветува на тоа како болката ја претворил во дисциплина и како престанал да реагира на провокации. Завршната порака истакнува дека „допрел дното, изгубил сè и повторно се изградил од нула“.
Сите пораки завршуваат со реченицата: „Не можете да го скршите човекот кој го преживеал ова.“
Во описот на објавата, Хајп телевизија додава и кратка, директна порака: „Тој не е кој било. Тој е Саша Мирковиќ.“


