Постојат неколку природни лекови чија моќ може да се спореди со моќта на младата коприва. Доколку имате некакви проблеми со мокрење, камења во бубрезите, проблеми со зглобовите, копривата ќе ви помогне во тоа. Чајот од коприва ќе ги намали симптомите на алергија, треската, ќе го излечи пролетниот замор и ќе ја прочисти крвта.
За што е корисно маслото од млада коприва:
Прави чуда за ревматизам, артритис и остеопороза. Исто така се користи за брзо заздравување на гребнатинки и изгореници на кожата, а може дури и да помогне при егзема и други кожни заболувања.
Како да направите масло од млада коприва:
За да направите масло од коприва, наполнете тегла со свежи млади листови од коприва и прелијте ги со маслиново или кокосово масло. Затворете ја теглата и оставете ја на сончево место. Секојдневно тресете и оставете го да отстои на сонце уште 20 дена. Процедете го маслото пред употреба и нанесете го на кожата.За ублажување на болката, негување на кожата, лекување на кожни болести и намалување на брчките, користете масло од коприва.



GIPHY App Key not set. Please check settings