in

Гнездо од мелено МЕСО со ЈАЈЦА! Вкусен и забавен начин да го освежите вашето мени!

Овој рецепт комбинира мешано мелено месо, кромид, стар леб и јајца од препелица, со вкус на рендана гауда и магдонос… Уживајте!
Овие мини гнезда со месо се совршени за ручек, вечера или како здрава ужина. Лесно се подготвуваат и може да се сервираат топли или ладни, во зависност од вашите преференции. Со неколку едноставни чекори, можете да го направите ова вкусно и привлечно јадење за целото семејство.

Состојки:

600 гр мелено мешано месо,
главица кромид,
две парчиња сув леб, шест јајца
од препелица , 100 гр рендана гауда , малку млеко , сол, бибер, масло, магдонос

Подготовка:

Извадете ја кората од парчињата леб, па средината натопете ја во млеко. Ставете го месото во сад, додадете исечкан кромид, исцедениот леб, сол, бибер и магдонос, па сè добро измешајте. Добиената смеса поделете ја на шест дела, ставете ги во подмачкани калапи за мафини, направете вдлабнатина во средината, па во секој ставете малку рендана гауда и по едно јајце. Се пече во рерна на 200 степени 20-25 минути.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ВРЕМЕ Е ЗА ПРВОTO САДЕЊЕ! Градинарството во март, од подготовка на почвата до кроење!

Какви елеци носат возачите на Формула 1 пред трка?