Рецептот за крцкави компири со пармезан ги освои социјалните мрежи, а во продолжение ви претставуваме една од варијациите од хит видеото на TikTok.
TikTok може да биде одличен извор на инспирација ако немате идеја што да готвите денес, а секој ден се појавуваат голем број рецепти кои можат да ве инспирираат.
Еден таков целосно ја освои платформата, а беа објавени десетици видеа со различни варијации на рецептот. Станува збор за крцкави компири од рерна, печени со пармезан.
Состојките што ви се потребни за ова јадење се: компири, путер, пармезан, кромид во прав, лук во прав, сол, бибер.
Подготовка:
Исечете ги компирите на половина, а потоа исечете ги на средина. Растопете половина од путерот (125 грама) и ставете го во тавче. Додадете две лажици пармезан, четвртина лажица кромид во прав, четвртина лажица лук во прав, сол и бибер по вкус.
Сето тоа измешајте, па одозгора наредете ги компирите. Врз компирите посипете повеќе рендан пармезан и печете на температура од 200 степени Целзиусови 20 минути.



GIPHY App Key not set. Please check settings