in

Киндер буено топчиња! Вкусна закуска! (РЕЦЕПТ)

Доколку подготвувате мали славенички колачи, киндер буено топчињата се одличен избор за комплетирање на славеничката трпеза. Вистински вкусни залаци!

Се прават слично како топчињата Рафаело, основата е со млеко во прав, но наместо кокос додаваме чоколадо и бисквити. Тие се едноставно фантастични. Ако ги сакате Рафаело бомбиците, ќе ви се допадне и следниот рецепт.

Состојки:

300 гр шеќер
100 мл вода
125 гр маргарин или путер
200 гр млеко во прав
200 гр квалитетна млечна чоколада или комбинација од темно и бело чоколадо
100 гр мелени бисквити

Подготовка:

Измешајте вода, шеќер и маргарин.

Ставете го на оган да зоврие.

Додека се раствора, повремено мешајте со лажица.

Масата ќе зоврие пред да се растопи маргаринот, продолжете полека да мешате.

Кога маргаринот ќе се растопи, варете следните 3 минути на средна температура.

Се трга од оган, се додава млекото во прав и се меша.

Најдобро би било претходно да го подготвите миксерот и млекото во прав. Користејќи го миксерот, нема да има појава на грутчиња.

Потоа додадете го искршеното чоколадо, па мешајте додека не се растопи.

На крајот додадете го бисквитот и повторно соединете сè.

Оставете да се излади. Можете да чувате дел и во фрижидерот.

Тестото треба да биде прилично тврдо бидејќи кога ќе ги направите топчињата ќе се олабави од топлината на вашите дланки.

Обликувајте топчиња, ставете во плех и ставете во фрижидер да се стегнат.

Растопете бело чоколадо 100 гр чоколадо со 1 лажица масло.

Потопете го секое топче, истресете го вишокот и ставете ги на хартија за печење или на решетка за лесно да се извадат.

Пријатно!

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Правите голема грешка: Овие три работи кои ги правите наутро ве прават поспани цел ден

Помеѓу овие знаци СТРАСТА е огромна и летаат искри – тие се НАЈДОБРАТА комбинација!